Зошто чувствителните мажи се најдобрите партнери што можете да ги посакате?

Зошто чувствителните мажи се најдобрите партнери што можете да ги посакате?

Чувствителните мажи се неверојатно привлечни. Тие се интуитивни и моќни. Можат да дадат и да прифатат љубов без резерва, глумење недостапност и страв од приврзување. На чувствителните мажи им е потешко одошто на жените, бидејќи чувствителноста се смета за слабост и за женска карактеристика. Тоа е многу погрешно. Најдобрите мажи знаат како да воспостават рамнотежа помеѓу нивната мажествена и женствена страна со тоа што го извлекуваат максимумот од двете.

Зошто чувствителните мажи се најдобрите партнери што можете да ги посакате?

Чувствителните мажи треба да заборават на стереотипите и да се прифатат себеси онакви какви што се. Придавката „премногу чувствителен“ има негативна конотација и се смета за мана иако тоа воопшто не е така. Убавината на машката емпатија е во тоа што носи многу придобивки во љубовните врски. Овие мажи можат многу добро да ги разберат вашите чувства. Проблемот лежи во тоа што емпатите се емоционални сунѓери на туѓиот стрес. Тоа понекогаш ја нарушува нивната способност за примање позитивни емоции.

Кога емпатите се опкружени со мир и љубов, нивните тела ги апсорбираат овие емоции и почнуваат да цутат. Но, негативноста ги исцрпува. Чувствителноста на емпатот може да ја преоптовари љубовната врска. Многумина од нив остануваат сингл бидејќи не знаат како да направат компромис за да остварат соживот со нивната партнерка. Од друга страна, пак, емпатијата им дозволува на мажите да љубат подлабоко и да бидат попосветени на врската.

За да опстанат во суровиот свет, емпатите мора да бидат свесни за нивните потреби со цел да можат правилно да ги искажат. Еве како изгледа карактерот на чувствителните мажи…

Позитивни страни

  • Имате големо срце и им помагате на другите.
  • Чувствителноста ве прави страсни, сензуални и одлични љубовници.
  • Знаете да ги препознаете туѓите мисли и чувства.
  • Можете да се поврзете со туѓите чувства.
  • Имате остварено длабока поврзаност со вашите емоции.
  • Имате достигнато високо ниво на духовност.

Негативни страни

  • Вие сте емоционален сунѓер и ја апсорбирате туѓата негативност.
  • Многу сте чувствителни на туѓите емоции и проблеми.
  • Склони сте кон анксиозност, депресија и исцрпеност.
  • Се чувствувате ограничени ако мора да живеете во ист простор со други луѓе.
  • Можно е да имате хронични физички симптоми на изнемоштеност.
  • Тешко ви е да поставите граници кога станува збор за напорни луѓе и тие успеваат да ви ја „исцицаат“ енергијата.

Зошто чувствителните мажи се најдобрите партнери што можете да ги посакате?

Ќе бидете послободни ако дознаете кои ваши особини се продуктивни. Секако дека треба да бидете интуитивни и отворени. Машките емпати ќе се чувствуваат пријатно во своја кожа само доколку успеат да воспостават рамнотежа помеѓу разумот и чувствата. Прочитајте ги следниве стратегии кои ќе ви помогнат да го пронајдете вистинскиот баланс…

Како чувствителните и емпатични мажи да воспостават рамнотежа?

Бидете разумни. Кога сте емоционално исцрпени и се сомневате дека можеби сте примиле туѓа нервоза, размислете убаво за да ја победите анксиозноста. Употребете ги вашата позитивност и логика. Повторувајте ја следнава мантра: „Не е моја работа да ги апсорбирам туѓите емоции. Можам да бидам грижлив и без тоа.“

Поминувајте време во тишина. Дозволувајте си смирувачки мини одмори во текот на денот. Дишете чист воздух. Истегнувајте се. Правете кратки прошетки во канцеларијата. Овие паузи ќе ви помогнат да го намалите стресот од постојаната активност.

Медитирајте. За да го одбегнете емоционалното преоптоварување, медитирајте по неколку минути. Најдете си приватно место и затворете ги очите. Намалете ги очекувањата, не мора да медитирате како будистички монах. Треба да направите 2 работи за време на медитацијата. Прво, издишувајте ги насобраните негативни емоции како што се осаменоста, загриженоста и слично. Почувствувајте како тие испаруваат со секој здив. Второ, ставете си ја раката на срцето и замислете си како вашата љубов и добрина ве обземаат од глава до пети.

Дефинирајте ги и почитувајте ги вашите емпатични потреби. Во некој мирен и опуштен момент направете листа на вашите 5 најстресни ситуации. Потоа направете план за справување со нив. На пример:

1. Ако некој бара премногу работи од вас, учтиво кажете му „Не“. Нема потреба да објаснувате зошто. Како што се вели: „’Не’ е целосна реченица“.

2. Ако можете да поминете максимум 3 часа во дружење, дури и да се работи за луѓе што ги обожавате, обезбедете си сопствен превоз за да не се доведете до ситуација да бидете принудени да останете иако сакате да си одите дома.

3. Доколку гужвите ве исцрпуваат, изедете оброк богат со протеини пред да излезете и застанете во некој агол кога ќе стигнете на забавата, а не во центарот на вниманието.

4. Доколку не ви допаѓа некој парфем, љубезно замолете ги пријателите да не го ставаат кога ќе излегуваат со вас. Ако не можете да го одбегнете, застанете во близина на прозорец или излегувајте надвор за да земете воздух.

5. Создадете си приватен простор во домот доколку живеете со цимери. Така нема да се чувствувате загушени од луѓето.

Кога емпатичниот маж ќе ги научи овие вештини за да може да се одбрани од негативноста, ќе се чувствува поживо, покреативно и поисполнето со љубов, а тоа воедно се и придобивките од љубовната врска со емпат. Доколку ги користат овие стратегии, емпатите ќе се чувствуваат побезбедно и нивните таленти ќе можат да доживеат вистински развој.

Во продолжение дознајте ги навиките на мажите кои имаат здрав сексуален живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар