Зошто блиските другарства се важни за детскиот развој?

Зошто блиските другарства се важни за детскиот развој?

На многумина од нас, пандемијата на коронавирусот ни помогна да осознаеме кои се нашите вистински пријатели. Лишени од можноста за интеракција со поширока група, бевме принудени да се потпреме на мала група на луѓе од доверба. За децата ситуацијата беше уште подраматична бидејќи ним им недостасуваше да бидат во секојдневен контакт со нивните најдобри пријатели.

Зошто блиските другарства се важни за детскиот развој?

Но, дали сме програмирани да имаме најдобар пријател? Истражувањата покажале дека силните еволутивни придобивки од социјалните односи со другите се причина зошто сакаме да бидеме опкружени со пријатели.

Децата на четиригодишна возраст почнуваат да ја развиваат свеста за тоа дека другите луѓе околу нив можат да имаат мисли, чувства и интереси кои се различни од нивните. Според психологот и автор на книгата „Стекнување пријатели: Водич за децата да се стекнуваат со нови познанства“, Ајлин Кенеди-Мур, овој концепт е дел од Теоријата на умот.

„Со текот на времето тие стануваат свесни за можноста дека другите имаат различни размислувања од нивните, а тоа ги поттикнува да развијат подлабоки пријателства“, вели Кенеди-Мур.

Според психолозите, доколку децата имаат некој кој го сметаат за најдобар пријател, тоа може да им помогне да се подготват за блиски, поинтимни врски, вклучувајќи ги и романтичните.

„Блиските пријателства во детството им помагаат на децата да ги развиваат вештините што им се потребни во интимните односи во понатамошниот развој. Им помагаат да учат за другите луѓе, но и за себеси и како да се справат со чувствата како осаменост, љубомора и фрустрација“, изјавува Кенеди-Мур.

Според психологот, доколку децата не зборуваат дома за нивните другарчиња не значи дека ги немаат, а како можна причина го наведува фактот дека можеби претпочитаат потивок стил на интеракција со другите.Родителите можат да ги поддржат своите деца во стекнувањето нови пријателства преку организирање забавни активности надвор од училиште.

„Децата обично се дружат правејќи забавни работи заедно, па можеби ќе сакате да размислите за интересите на вашето дете и да барате такви активности кои не само што ќе одговараат на карактерот на детето, туку и ќе можат да се прават со други деца“, вели Кенеди-Мур.

Важно е да се каже и дека блиските другарства го подобруваат менталното и физичкото здравје на децата. Истражувањата покажале дека одржувањето блиски пријателства има позитивно влијание врз кардиоваскуларното здравје како и имунолошкиот систем кај децата.

Откако прочитавте зошто е важно децата уште од мали нозе да се стекнат со блиски другарства, можеби ќе ве интересира да прочитате и 6 совети за како да му помогнете на вашето дете да се справи со токсичните другари.

Извор: bbc.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар