Зошто баш таков маж влезе во вашиот живот?
Секој маж што сте го привлекле, кој го привлекувате или ќе го привлекувате, е всушност достоен маж за вас.
Ако ја разберете целта на присуството на некоја личност во вашиот живот, ќе ви биде полесно да научите да го сакате, затоа што кога постои свесност дека човекот во вашиот живот ви е и учител, тогаш вие сте му благодарни за тоа. Не без причина таков човек влегол во вашиот живот! На крајот на краиштата, целиот живот е едно големо училиште, а предмет на студирање е само едно – љубовта.
Преку мажите ни доаѓаат најважните, а понекогаш и најтешките лекции, а специјалноста е оваа – љубовта и прифаќањето на себеси. Ние можеме да ѝ дадеме љубов на друга личност само ако ја имаме. Не можеме да му го дадеме на друг она што го нема кај нас.
Вашиот човек е секогаш ваше огледало, запомнете го тоа! Тој само го рефлектира она што е во вас. Понекогаш жените велат дека би се омажиле само за достоен маж. Дали се слушаат себеси? Што е достоен човек? Секој маж кој сте го привлекле, кој го привлекувате или ќе го привлекувате, тоа е всушност достоен маж за вас.
Терминот „достоен“ е многу релативен, затоа што секој е достоен за своето. Вие сте достојни токму за оној кој ве привлекува. Ако ве привлекуваат само слабите мажи или мамините синови, тоа не е ниту лошо, ниту добро, тоа е само факт. Факт кој покажува кого сте спремни да го примите во животот денес и сега.
Човекот што влегува во вашиот живот огледално ги одразува вашите внатрешни проблеми, однадвор. Ова знаење можете да го искористите за да се погледнете себеси со нови очи, очи од страна.
Ако во вашиот живот влезе љубоморен маж, треба да научите да ја рефокусирате вашата сексуална енергија кон креативноста, бидејќи никогаш не се појавува љубоморен маж во животот на девојка која нема проблем со својата сексуалност.
Кои лекции ги носи со себе човекот кој е насилен? Ако тиранин влезе во вашиот живот, тогаш време е да научите да се слушате себеси, затоа што жените кои живеат со тирани се жени кои целосно го избришале поимањето на тоа што се граници, а тоа ги направило жртви. Тие се чувствуваат мизерни, осамени и напуштени од сите.
Друг маж не може да ја научи таквата жена едноставно да започне да се слуша себеси. Жртвата мора да доживее голема болка, за на крај, да сака да промени нешто во нејзиниот живот.
Ако во вашиот живот влезе некој алкохоличар, зависник, тоа не е случајно. Вие сте го избрале поради некоја причина. За да научите некоја важна лекција. Што може да ве научи таков човек? Да разгледаме како жената се однесува во таков однос: таа или постојано му „држи лекции“ и со тоа ја убива целата негова машкост, или е во состојба на „мизерија“- таа е многу несреќна во животот и сите се виновни за тоа.
Ако во вашиот живот влезе мамин син, очигледно спаѓате во таа категорија на жени кои сакаат да управуваат. Вие одлучувате сè, знаете сè подобро од кој било друг и вие ги носите одлуките. Не забележувате дека повеќето ваши скандали се предизвикани од тоа што сакате да го промените другиот и никогаш да не го слушате. И негирате дека е така.
Ако во вашиот живот влезе човек кој „ве храни со ветувања“, тој секогаш се забавува со пријателите на најзабавните места во градот, убаво зборува, а вие сте вљубени во неговиот стил, неговиот начин на живот и уживате во тагата. Па, се прашувате кога тој ќе се смири, кога ќе бидете заедно и ќе живеете мирно. Одговорот е: Никогаш. Таков човек влегол во вашиот живот за да ви каже: „Почнете да се цените себеси!“
Има многу други вакви сценарија од врските, затоа немојте да велите дека би се труделе само за достоен човек. Тоа значи дека би се труделе за некого, а не поради некого, затоа што тоа е прашање на вашиот сопствен развој. Затоа трудете се во врската заради самата себе.
Ако имате човек во вашиот живот, запрашајте се искрено дали заслужувате подобар. Саканиот маж не е тој со кој може да уживате постојано. Саканиот маж е тој со кој сте спремни заедно да ги совладувате тешкотиите и да се адаптирате. Ако пронајдете таков, зграпчете го!
Ако сакате, може да прочитате и за жените кои сакаат да бидат храбри.