Зошто анксиозните луѓе се најдобрите љубовни партнери?
Анксиозните луѓе се далеку од совршени, но и онака никој не е совршен. Љубовната врска со нив е многу посебна, бидејќи тие се свесни за секое чувство што минува низ нив. Тие ја чувствуваат секоја емоција со сите нивни клетки и воопшто не жалат поради тоа. Благодарение на нивната анксиозност тие ги анализирале сите емоции што некогаш ги почувствувале и многу добро знаат што се случува во нивната глава.
Освен тоа, нивната сочувствителност им овозможува да ги разберат емоциите на нивните блиски. Тие ќе го доживуваат сето она што вие ќе го чувствувате и ќе се однесуваат со вас онака како што би сакале и другите да се однесуваат со нив во таква ситуација. Тие ќе можат да препознаат дали сте нервозни поради вашата работа. Веднаш ќе знаат дали сте среќни или тажни само по начинот на кој ќе се придвижите кон нив. Ќе го читаат секое движење што ќе го направите и секој збор што ќе го изговорите и автоматски ќе знаат дали нешто ви пречи.
Само старите души се олку чувствителни. Нивното срце е големо и тие ќе ви дадат сѐ ако навистина ве сакаат. Свесни се дека понекогаш знаат да бидат напорни, па затоа никогаш нема да го земаат вашето присуство здраво за готово. Нивниот карактер нема да им дозволи да бидат затворени со луѓето кои ги сакаат, па затоа секогаш ќе бидат отворени и ќе ви ја кажуваат вистината.
Љубовната врска со анксиозните луѓе е посебна, бидејќи тие ќе имаат целосна верба во вас и ќе ви ја даваат сета љубов што ја имаат. Тие се свесни за своите проблеми, знаат дека не се психички силни и дека тоа може да влијае на вашата врска, но веруваат дека ќе останете со нив. За возврат, можете да бидете сигурни дека тие никогаш нема да ве напуштат сѐ додека ги почитувате и поддржувате. Тие точно знаат колкава е болката што ја чувствувате и ќе ви ја пружат најголемата утеха што можете да ја добиете.
Анксиозните луѓе знаат како е кога ќе ве надвладее стресот и ќе посакате да се распаднете на милион парчиња. Знаат дека фрустрацијата и лутината можат да ве претворат во друг човек и нема да ве напуштат во моментите кога ќе бидете најнегативни. Сите луѓе имаат внатрешни демони и мрачни тајни, а анксиозните луѓе многу добро го разбираат тоа бидејќи и самите поминале низ тешки периоди.
Кога вашите внатрешни демони ќе почнат да излегуваат на површина, тие нема да ви го свртат грбот. Само ќе ве прегрнат уште посилно, ќе ве бакнат и ќе ви ја изјават нивната љубов, додека не соберете доволно сила за да се изборите и да се вратите во нормала. Тие никогаш нема да ве осудуваат кога ќе бидете психички слаби или кога некоја ситница ќе ви предизвика нервен слом. Таква е реалноста и тие се свесни дека не можете да контролирате емоциите. Тие ќе се направат сѐ што можат за да ви помогнат да се справите со вашите проблеми.
Анксиозните луѓе никогаш нема да се шегуваат со вашите проблеми. Ви се случило некој да ви каже дека драматизирате во моментите кога сте биле навистина вознемирени? Дали тоа ве извадило од кожа? Луѓето кои страдаат од анксиозност никогаш нема да го сторат тоа, бидејќи и самите го слушнале повеќе пати и знаат колку боли кога некој не ги почитува вашите емоции.
Анксиозните луѓе знаат дека вистинската љубов не е нешто секојдневно. Знаат дека станува збор за нешто многу ретко, бесценето и прекрасно. Токму затоа, тие ќе го ценат тоа што го имате и ќе уживаат во секој заеднички момент. Потребно е да се вложи многу труд за да успее една врска, а тие ќе бидат подготвени да ја дадат сета енергија и време што ги имаат за да ве зачуваат. Благодарение на нивната отворена природа, ќе можете да ги решите сите проблеми што ќе се појават во врската. Нема да постои ништо друго освен вистинска искреност помеѓу вас двајца. Никогаш нема да се почувствувате искористено, бидејќи тие знаат дека се работи за вистинска љубов.
Вие сте решиле да се вљубите во прекрасен човек. Треба да запомните дека анксиозноста е само дел од нивната личност. Таа не ги дефинира и не би требало да ја дефинира вашата врска. Ако ја тргнете анксиозноста на страна, ќе сфатите дека се работи за обичен човек со свои надежи и стравови. Разберете дека тие иако имаат пукнатини на одредени места, не се целосно скршени. Тие можеби се најсилните луѓе што некогаш ќе ги сретнете, бидејќи имаат излезено како победници од многу животни битки. Тие се соочиле со многу предизвици што им оставиле модринки и лузни. Но, и покрај тоа, успеале да застанат на нозе и да се изборат за подобар живот.
Запомнете дека освојувањето на нивното срце е најдоброто нешто што може да ви се случи во животот. Обидете се да бидете најдобрата верзија од себе, бидејќи тие секогаш ќе се трудат да ви го дадат тоа, без да бараат ништо за возврат. Ценете ги исто толку колку што ве ценат и тие и никогаш немојте да ги земате здраво за готово. Тие поминале низ многу страдања, па затоа немојте да им нанесувате болка.
Може да бидете сигурни дека сте го нашле она што повеќето луѓе го бараат целиот нивен живот. Како што вашата врска ќе продолжи да созрева и цвета, така вие ќе станувате најсреќните луѓе на Земјата!
Прочитајте ги и овие 7 нешта што треба да ги запаметите ако сте покрај анксиозна личност.