Знаете ли кога всушност треба да ги миете забите?

Знаете ли кога всушност треба да ги миете забите?

Во усната празнина има стотици различни бактерии кои се размножуваат во текот на денот, и тоа на површината на забите. Ова може да има влијание на имунолошкиот состав и да предизвика воспалителни процеси, доколку не се ослободите од бактериите навреме.

Знаете ли кога всушност треба да ги миете забите?

Насобраните остатоци од храна, во текот на ноќта се вистинска гозба за бактериите и создаваат совршена подлога за настанување на забен плак. Некои истражувања покажале дека нередовнана хигиена на усната шуплина, покрај проблемите со кариес, може да предизвика и проблеми како болести на срцето, рак и болести на дигестивниот систем.

Што кажуваат стоматолозите?

Стоматолозите советуваат дека најдобро е да ги миете забите одма после будење, односно пред појадокот. На овој начин ќе се ослободите од наслагите кои можат да предизвикаат плак и бактерии. Доколку планирате да ги миете забите после појадок, најдобро е да почекате најмалку 40 минути после оброк.

Некои намирници кои ги консумирате за појадок содржат шеќер и киселина кои ја менуваат рН вредноста на устата, а со тоа ги ослабуваат забите. Киселината може подлабоко да продре во забите и да почне да ги расипува.

Погледнете и кои се грешките кои ги правите при миењето на забите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар