Знаете ли кое е најлошото време за ручање?

Знаете ли кое е најлошото време за ручање?

Покрај многуте работни обврски, лесно е да заборавите да ручате и тоа да го сфатите дури во попладневните часови, кога ќе почне да реагира вашиот стомак. Лесно ви е да нарачате нешто и веднаш пред себе да го имате својот оброк. Но, колку е тоа добро за вас? Според една неодамнешна студија објавена во Американското списание за болничка исхрана, доколку се обидувате да ја намалите телесната тежина, вие треба да јадете пред 3 часот попладне.

Знаете ли кое е најлошото време за ручање?

Научно кажано, ова е така затоа што гладот е контролиран од деноноќниот ритам (вашиот внатрешен часовник). Па, кога ќе јадете подоцна во денот, на вашето тело ќе му биде потешко да ги преработи калориите. Реално гледано, доколку чекате додека сосема не изгладнете, салатата ќе ви биде помалку привлечна и поголема е веројатноста да посегнете кон колачиња и слична храна што брзо ќе ви ја зголеми енергијата, но исто толку брзо и ќе ви ја истроши. Но, не значи дека ручањето пред 3 часот попладне ќе ви гарантира губење на тежината. Сепак, бројот на внесени калории и нивото на активност, повторно се најважни фактори. Но, ова е добар почеток кој ќе ве мотивира!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар