Знаци на синдром на нервозно дебело црево (IBS) за кои треба да знае секоја жена

Знаци на синдром на нервозно дебело црево (IBS) за кои треба да знае секоја жена

Синдромот на нервозно дебело црево (IBS) е хронично гастроинтестинално нарушување придружено со болка во стомакот и изменети движења на дебелото црево.

Знаци на синдром на нервозно дебело црево (IBS) за кои треба да знае секоја жена

За да ви биде дијагностициран овој проблем, треба да имате симптоми најмалку три месеци. IBS е почесто кај жените, а жените не се ни свесни за нивниот проблем во голем број случаи. Друг проблем лежи во фактот дека ова нарушување е тешко да се утврди, бидејќи нема тестови што ќе ја потврдат дијагнозата. Дијагнозата се базира само на симптомите.

Симптомите на синдром на нервозно дебело црево се поврзани со болки во стомакот и промени во работата на цревата. Но, болката во стомакот може да се манифестира на различни начини. Ова се некои од најчестите симптоми:

  • стомачна болка
  • грчеви
  • подуеност
  • дијареја
  • констипација
  • бавно варење
  • депресија или анксиозност
  • губење на апетит

Симптомите најчесто започнуваат во детството и генерално ова нарушување не се јавува по 40-та година од животот. Не е утврдено што точно го предизвикува овој проблем, но научниците го поврзаа со низа работи. Синдромот на нервозно дебело црево се јавува поради прекумерна или слаба функција на дебелото црево, а научниците веруваат дека тоа е поврзано со стрес, (добри) бактерии во цревата и дека е генетски наследно. Ако имате некој од овие симптоми и откривте дека траат три месеци или повеќе, контактирајте професионалец за да утврдите дијагноза и третман.

Прочитајте за овие 7 животни навики за здраво срце.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар