Знаци кои покажуваат дека ќе дојде до застој на вашето срце: Телото ве предупредува цел месец
Многумина ги игнорираат знаците кои телото им ги праќа со денови, па дури и недели пред срцевиот удар. Сепак дури и кога тој ќе настане, тие имаат шанса да се спасат. Но, застојот на срцето претставува многу полошо сценарио бидејќи неговата електрична активност „излегува“ од ритам и тоа одеднаш престанува да чука. Со реанимацијата може да се добие време, но факт е дека ретко кога пациентите преживуваат.
За среќа, се открило дека половина од средовечните пациенти доживувале знаци пред застојот и тоа најчесто во облик на болки во градите и недостаток на воздух кои почнувале околу месец дена претходно. Некои пациенти сфаќале дека симптомите им се доволно загрижувачки, па викале брза помош уште пред да дојде до самиот застој, па токму тие и имале многу големи шанси за преживување. Тоа ни дава до знаење дека не треба да ги игнорираме сигналите кои нашето тело ни ги испраќа. Обрнете внимание на болките во градите и недостатокот на воздух и навреме јавете се во болница.
Болките во градите најчесто доминираат кај мажите, додека недостатокот на воздух се појавува кај жените. Други симптоми на кои треба да обрнете внимание се онесвестување и нерамномерно чукање на срцето.