Знаци дека ја саботирате вашата врска, зошто го правите тоа и како да престанете? - Part 3

Знаци дека ја саботирате вашата врска, зошто го правите тоа и како да престанете?

Причина: Страв од емоции

Нè учеле да бидеме силни, недостижни, да газиме за да не бидеме згазнати. Да бидеме недостапни за да не бидеме повредени. Тоа е толку погрешна теорија. Иронијата е во тоа што криењето на своите чувства е вистински кукавичлук.

Што да направите?

Можеби имате подлабока причина зошто се плашите од емоциите, но дозволете си себеси да ве допрат емоциите како и да ги покажете вашите. Кажете како се чувствувате. Во најлош случај ќе бидете повредени, но уште полошо е доколку дозволите вашата врска да пропадне само затоа што не сте кажале како се чувствувате. Ако во моментов сте вљубени, кажете, ако се чувствувате предадени, разговарајте. Сосем нормално е да чувствувате. Затоа сте луѓе а не камења.

Знаци дека ја саботирате вашата врска, зошто го правите тоа и како да престанете

Знак: Станувате свесни дека имате потреба да лажете

Доколку често лажете во врската, мора да го согледате непобитниот факт – нешто не е во ред. Тоа може да биде со вас или со партнерот, но ваша вина е доколку продолжите да лажете без да преземете нешто.

Што да направите?

Прво, лоцирајте го проблемот. Зошто лажете? Зошто чувствувате потреба да ја прикриете вистината? Во врскате мора да бидете свои, во спротивно само си губите време бидејќи и онака тие врски не траат долго. Хроничната потреба да не ја кажете вистината, никогаш никому не му донела позитивни резултати. Доколку вие сте причината зошто лажете, престанете да ги правите работите кои очигледно не треба да ги направите па чувствувате потреба да ги сокриете. Доколку пак лажете за да му се допаднете на партнерот, на пример, излезете од таа врска која не ви дозволува да бидете свои.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар