Знаци дека ја саботирате вашата врска, зошто го правите тоа и како да престанете? - Part 2

Знаци дека ја саботирате вашата врска, зошто го правите тоа и како да престанете?

Причина: Поради лошо искуство во минатото

Секој имал по некое лошо искуство во љубовта, бил повреден или излажан, на пример. Но, некои искуства се големи и ние дозволуваме да продолжат да влијаат на нас. Да речеме дека една девојка имала љубовна врска во која нејзината доверба била изневерена. Ако дечкото ја лажел и ја изневерил со друга, тоа ќе има свој ефект врз нејзините идни врски. Истата таа девојка ќе биде љубоморна, нема да му верува на идниот партнер, ќе стане опседната со тоа каде е и што прави, ќе стигне до тоа да му го проверува телефонот скришно или пак да го следи. Некој пак, ќе изгради ѕид околу себе за да не биде повторно повреден. Нема да биде искрен, нема да го доверува своето срце и ќе стане ладен, уништувајќи ја врската со некоја девојка која би можела да биде неговата сродна душа.

Што да направите?

По прекинувањето на една љубовна врска не влетувајте веднаш во нова. Нема потреба некому да му докажувате нешто. Дајте си пола година, година или две, време кое ви е потребно да заздравите. Посветете се исклучиво на себеси, на работите кои ги сакате, на образованието или кариерата. Не влетувајте во врска додека раната е свежа. Но, кога ќе искрсне прилика да влезете во врска, како прво ќе мора да му дадете шанса на партнерот а предвреме не да го осудувате. Не се сите исти, прво запознајте го/ја. Впуштете се во таа врска како да не сте биле повредени, со доверба во другиот наместо да изградите одбранбен механизам кој само ќе ве направи несреќни. Бидете претпазливи, но со доверба.

Знаци дека ја саботирате вашата врска, зошто го правите тоа и како да престанете

Знак: Имате навика да го третирате вашиот партнер со „тивок третман“

Би се изненадиле, но токму „тивкиот третман“ е причина за крај на многу врски. Дали често имате навика да не одговарате на прашањата поставени од вашиот партнер? Дали додека тој се обидува да разговара со вас, да го реши проблемот и да ве праша како се чувствувате вие едноставно молчите? Тоа е навредливо и фрустрирачко. Со тоа во никој случај не си правите добро себеси, ниту пак допринесувате за благосостојба во врската.

Што да направите?

Пробајте да разговарате. Не молчете. Доколку навистина чувствувате дека не можете да се објаснете себеси во дадениот момент, замолете го вашиот партнер да продолжите со разговорот во друга прилика. Отворено објаснете му дека би било подобро да разговарате друг пат за да не дојде до поголема кавга. Само не молчете и не напуштајте ја просторијата без најава.

Причина: Недостаток на самодоверба

Со тоа што инсистирате да не го види вашето тело на јасна дневна светлина ја саботирате вашата врска. Со тоа што постојано сте во потрага по комплименти, се жалите од своето тело или лице, исто така ја саботирате вашата врска. Ќе се изненадите кога ќе го видите по една година со друга девојка која има повеќе килограми од вас, но нема проблем со својата тежина.

Што да направите?

Сфатете дека сте убави, како што секој човек е убав на свој начин. Кога ќе се најдете во ситуација да кажете нешто лошо за себе, нека ви светне црвеното светло во главата и премолчете. Доколку постојано кажувате негативности за вас, не очекувајте дека некој друг ќе почне да ве гледа во позитивно светло. Сепак, недостатокот на самодоверба е голем проблем, и за да го третирате соодветно треба да почнете со бебешки чекори.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар