Златно млеко – пијалак кој носи многу здравствени придобивки

Златно млеко – Пијалак кој носи многу здравствени придобивки

Куркумата илјадници години им е позната на народите на Истокот како зачин кој дава многу здравствени придобивки. Научниците од целиот свет веќе ги согледаа неговите карактеристики и го препорачуваат неговото консумирање, па дури прават и таблети од него. Овој зачин го подобрува варењето, одлично делува против воспаленија, го спречува губењето на меморијата, се бори против депресијата, а помага и при спречувањето на дијабетесот.

Златно млеко – пијалак кој носи многу здравствени придобивки

Постојат многу начини да ја консумирате куркумата, а ние овде ќе ви предложиме од неа да направите златно млеко. Некои го нарекуваат и чај од куркума, но попознат е под тој назив. Златното млеко е многу вкусен, сладок и топол пијалак којшто во себе ги носи сите здравствени придобивки кои веќе ги спомнавме. Се подготвува во два чекори. Прво се приготвува паста од куркума, а потоа од неа се прави и пијалакот. Многу е лесен за подготовка.

Златно млеко – пијалак кој носи многу здравствени придобивки

1. Прв чекор – паста од куркума

Потребни состојки:
  • 4 лажици куркума
  • ½ лажичка црн пипер
  • 120 мл вода
Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во сад на оган и чекајте да се создаде паста. Ова не би требало да трае долго. Ставете ја пастата во тегла и чувајте ја во фрижидер.

2. Втор чекор – златно млеко

Потребни состојки:
  • 250 мл млеко
  • ½ лажичка масло
  • ¼ до ½ лажичка паста од куркума
  • малку мед за вкус
Начин на подготовка:

Ставете ги млекото, пастата од куркума и маслото во сад на среден оган и оставете го до моментот пред да почне да врие. Тргнете го од оган, па додајте му мед за вкус. На здравје!

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар