Златно млеко: Ноќен пијалак за смирување

Златно млеко: Ноќен пијалак за смирување

Сигурно имате слушнато за златно млеко. Ако се прашувате што е овој пијалак, неговите состојки се куркума, бибер и кокосово масло измешани со млеко. Тоа се користи како лек за речиси сè: Настинка, треска, проблеми со кожата… Иако златното млеко можете да го направите и со млеко од соја или бадем, оригиналниот рецепт од Индија е со обично млеко.

zlatno-mleko-nokjen-pijalak-za-smiruvanje-kafepauza.mk

Дали можете да го направите дома?

Да, и тоа многу лесно.

  • Чаша од вашето омилено млеко: Обично, соино, млеко од кокос, од ориз, од бадем…
  • Свежа куркума или органска куркума во прав: Свежата куркума можеби не ви е достапна, па затоа можете да го користите и зачинот.
  • Бибер
  • Кокосово масло: Здравите масти од кокосовото масло ја подобруваат апсорпцијата на здравите хранливи материи од куркумата.
  • Мед: Незасладеното златно млеко може да има малку горчлив вкус. Медот ќе го заслади, а нема да ги изгуби хранливите материи.

Дали сите состојки се здрави?

Кога станува збор за обичното млеко, мислењето сè уште е поделено: Дали луѓето треба да пијат млеко од други цицачи или не. Покрај тоа постои мислење и неколку истражувања кои покажале дека пастеризацијата на млекото ја зголемува нетолерантноста на лактоза кај луѓето.

Куркумата, се разбира е одлична и има многу придобивки – превенција од рак, антибактериски својства и намалување на болката. Таа го подобрува имунитетот, помага при болката предизвикана од артритис и помага кај луѓето со Алцхајмерова болест. Исто така го намалува нивото на холестерол.

Биберот ги спречува настинките, проблемите со дишењето, кашлицата, констипацијата, анемијата и уште многу други.

Медот помага во дигестијата и прочистувањето на телото, а истовремено го засладува пијалакот.

Кои се придобивките од златното млеко?

Очигледно е дека со толку здрави состојки златното млеко е навистина добро.

Ја намалува болката и воспалението

Куркумата, биберот и здравите масти во кокосовото масло работат заедно против болката и воспалението.

Помага во дигестијата и слабеењето

Куркумата ги намалува киселините, а кокосовото масло помага во тоа. Биберот помага во апсорбирањето на хранливите материи и ја спречува констипацијата.

Одлично е за срцето

Сите состојки на златното млеко помагаат во здравјето на срцето. Го намалуваат холестеролот и крвниот притисок.

Добро е за дијабетичари

Куркумата и кокосовото масло му помагаат на телото да го регулира нивото на инсулин.

Ја подобрува работата на мозокот

Состојките се претвораат во храна за мозокот. Златното млеко помага во спречување на Алцхајмеровата болест, ја подобрува меморијата и ги намалува симптомите на депресија. Златното млеко исто така е добро против стрес бидејќи куркумата поттикнува среќни мисли.

Го зајакнува имунитетот

Овој пијалак не само што ќе ви помогне да се борите против инфекциите, туку ќе ви го подобри и целиот имунолошки систем.

Помага во слабеењето

Комбинацијата од овие состојки го забрзува метаболизмот, го намалува гладот и помага во согорувањето на мастите во телото.

Го спречува ракот

Истражувањата сè уште траат, но досега покажале одлични резултати при спречувањето на ракот.

Постојат ли несакани ефекти?

Додека куркумата е одличен зачин, сепак си има и лоши страни. Ако сте алергични на која било од состојките, не можете да го консумирате златното млеко. Исто така активна состојка од куркумата може да реагира со некои лекарства. Луѓето кои очекуваат операција, се бремени или пак дојат, најдобро е да се консултираат со лекар.

Кој вид куркума е најдобар?

Зачинот кој ни е познат на сите се добива од коренот на растението куркума. Овој корен може да се измие и да се исцеди за да се добие совршениот екстракт за златно млеко. Сепак, кога свежиот корен не ви е достапен, слободно користете го зачинот.

Кога е најдоброто време за консумирање?

Придобивките најмногу се чувствуваат навечер, околу еден час пред спиење. Ова ќе ја забрза дигестијата пред спиењето, ќе го намали стресот и ќе ви го подобри сонот.

Погледнете го и рецептот за овој магичен пијалак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар