Златни правила што живот значат: Најчестите ритуали на самоуверените жени
Секоја жена треба да биде среќна и задоволна од себе. Кога ќе создаде свои ритуали за нега на нејзиното лице, кожа и тело, многу е полесно истите да ги одржува. А, посебно е лесно и пријатно кога од нив се добиваат огромни придобивки. Прочитајте ги следниве правила со кои живеат самоуверените дами и почнете со нивна примена одма доколку сакате да имате посреќен и поисполнет живот.
Миењето и симнувањето на шминката е основно правило што секоја жена мора да го почитува. Не постои изговор поради кој е дозволено прекршување на оваа рутина.
Маската и масажата на лицето не е задолжително секоја вечер, но миењето е основно правило за хигиена кое не смее да се изостави. Со прескокнување на овој чекор ќе предизвикате порано појавување на брчките и сушење на лицето.
Најдете идеална нијанса на црвен кармин според вашиот тен. Тој изгледа моќно и може да го надополни секој изглед.
Коралните нијанси им одговараат на дамите со потопол тен додека потемните нијанси се идеален избор за дамите со поладен тен.
Водете сметка за општото здравје. Негата на самото здравје е поважна од површинската козметичка нега. Водете сметка за исхраната, поминувајте време во природа и почитувајте ги 8-те часови сон за убавина.
Научете да ја обликувате косата сами. Фризерите советуваат после миењето на косата да ја завиткате во крпа и да почекате да се исуши по природен пат. Поле тоа ви треба малку стилизирање со помош на четка и фризурата ќе изгледа како штотуку да сте излегле од салон.
Вашиот мирис нека биде препознатлив и нека ве паметат по него. Изборот на вистински парфем е многу важен затоа што тој може многу да каже за вашата личност и карактер.
Кога се во прашање вашите веѓи основното правило е да не ги следите слепо трендовите кои се наметнуваат затоа што не сите облици одговараат на секое лице. Доволно решение ќе биде само ако малку го коригирате вашиот природен облик и ги отстраните само оние влакненца кои се вишок.
Кратете ги краевите на косата на секои 2 месеци. Ниедно масло, ниту шампон нема магично да го реши проблемот на испукани врвови, па затоа идеално решение е редовна посета на фризер за косата да изгледа здраво и сјајно во секој момент.
При запознавање, многу луѓе знаат да „фрлат око“ токму на вашите дланки. Затоа негата на рацете и ноктите е многу важна. Изборот на боја на лак е само ваш, но важно е тие да изгледаат средено.
Вежбањето е одлична работа која можете да му ја подарите на вашето тело. Посетата на теретана два пати неделно (или онолку колку што ви одговара) ќе го подобри вашето расположение, ќе ви го забрза метаболизмот и ќе допринесе за целосна благосостојба на организмот.
Разбудете се со часа вода измешана со лимон. Придобивките на оваа рутина се многубројни.
Изедете го појадокот во рок од половина час после будењето. Оваа навика е најдобар начин за да го поттикнете метаболизмот.
Не пијте ништо во текот на оброкот и 40 минути после него затоа што тоа го забавува метаболизмот и прави да се чувствувате подуени.
За правилна работа на органите за варење тајната лежи во 3 оброка на ден и 2 ужини помеѓу нив.
Не практикувајте да јадете 2 часа пред спиење. Консумирањето храна непосредно пред да одите во кревет влијае на лесното заспивање.
Уживајте во храната и јадете полека, без брзање. Џвакајте ја храната повеќепати за да не предизвика тешкотија во стомакот, а во текот на оброкот не гледајте телевизија затоа што како што тврдат истражувањата, во таков случај јадеме повеќе храна.
Пиењето течности е од огромна важност за да се чувствувате добро, затоа испијте барем една чаша вода на секој час.
Цигарите, кафето, алкохолот и газираните пијалаци му се непријатели на организмот. Исфрлете ги целосно или намалете ја нивната употреба.
Избегнувајте пржена храна и леб. Така ќе заштедите на калории. Пијте зелен чај, а наместо со шеќер засладете го со мед.
Овие чекори ќе направат организмот да биде во подобра состојба, а телото во одлична форма. Кога состојбата ќе биде таква и самодовербата ќе биде на високо ниво.
Прочитајте и за овие прекрасни особини што им се заеднички на сите жени кои зрачат со топлина и самодоверба.