Златна паста: Направете моќен лек кој ќе ве заштити од грип, настинка и воспаленија
Грипот и настинката и понатаму „царуваат“, а доколку се борите со нив или сакате превентивно да се заштитите, ќе направите добар избор доколку во вашата исхрана ја додадете оваа „златна паста“ која помага кај сите видови воспаленија. Најдоброто нешто кај оваа моќна паста е што многу едноставно и лесно можете да ја направите дома.
Главната состојка на „златната паста“ е куркумата, позната и како индиски шафран, која претставува зачин со својства што благотворно делуваат против воспаленијата и вршат детоксикација на целиот организам. Позната е и како природно средство против болки. Со оглед на тоа дека нашето тело тешко ја апсорбира куркумата, во „златната паста“ секако додајте масло и бибер кои ќе помогнат при апсорпцијата на зачинот.
Потребни состојки:
- 125 грама куркума во прав
- 250 милилитри вода
- 1 1/2 лажица мелен црн бибер
- 70 милилитри девствено маслиново или кокосово масло
Начин на подготовка:
1. Ставете ја куркумата во водата, а потоа на тивок оган со постојано мешање. Мешајте сè додека не добиете густа паста, а овој процес може да трае од 6 до 10 минути.
2. Доколку ви изгледа дека пастата е премногу ретка, тогаш додајте уште куркума, а доколку ви изгледа дека е премногу густа, дополнете со вода. Пастата цело време треба да биде на тивок оган, односно не треба да зоврие, бидејќи состојките ќе ги изгубат своите лековити својства.
3. На крај, додајте ги биберот и маслото. Продолжете да мешате за да се соединат сите состојки.
4. Тргнете ја пастата од оган и оставете ја да се излади. Пастата можете да ја складирате во стаклена тегла и да ја чувате во фрижидер околу 2 недели, бидејќи нејзината моќ, односно ефикасност опаѓа после тоа време.
Начин на употреба:
- Ако се користи како додаток во јадењето, додајте ја при крајот на готвењето за хранливите состојки да останат максимално сочувани. Особено одлично го надополнува јадењата со грав.
- Може да се користи и како чај така што една лажичка од пастата да се стави во врела вода, да се промеша и да се додаде мед или шеќер по желба.
- Таа е одличен додаток на сосовите.
- Додајте една лажица од пастата во супата од зеленчук, варивото или крем супата.
- Додајте една лажица од пастата во динстан ориз и зеленчук за подобрување на вкусот.
- Малку паста можете да додадете и во топло растително млеко.
Топло биено млеко!?!?! Не успеав никако да разберам за што станува збор?!?!? Може да добијам појаснување?
Ни избегала мала печатна грешка, се извинуваме. Станува збор за растително млеко. Ви благодариме за забелешката.