Зимско задоволство: Топло чоколадо со Нутела
Топлото чоколадо е еден од најпопуларните зимски десерти. Токму затоа и за максимално задоволство ви нудиме рецепт од само три состојки за божествено топло чоколадо со Нутела кое брзо и едноставно може да го подготвите во вашиот дом.
Потребни состојки:
- 470 милилитри млеко
- 3 до 4 лажици Нутела
- 1/8 лажица ванила
Начин на подготовка:
Ставете 120 милилитри од млекото и целата доза Нутела во мало тенџерче, загрејте ги на средна температура и мешајте сè додека добро не се соединат. Потоа додајте ја и ванилата и повторно измешајте. За крај, сипете го преостанатото млеко и мешајте на умерен оган сè додека не се стопат сите состојки. Топлото чоколадо турете го во шолја и по желба додајте шлаг, парчиња чоколадо, колачиња или цимет.