Зимска сезона или сезона на „врзување“: Зошто луѓето започнуваат љубовни врски во овој период од годината?
Кога температурите забрзано опаѓаат, сите знаеме дека почнува сезоната на љубовните врски, односно сезоната на „врзување“. Таа обично се појавува околу средината на ноември. Имено, во овој период намерата на луѓето е многу јасна: Тие сакаат да си најдат партнер со кого би можеле да ги поминат есенските и зимските месеци, но со кого би прекинале на почетокот од пролетта, иако во некои случаи врската продолжува да трае и по завршувањето на зимскиот период. Дали ова навистина се случува?
Одговорот е да. Во овој период сите се обидуваат да најдат некого со кого би можеле да ги поминат божиќните празници и со кого би останале барем за време на наредните неколку месеци.
„И покрај генералното мислење дека оваа потреба се јавува на биолошка основа, тоа не е вистина. За разлика од животните, луѓето немаат потреба за размножување во точно одредени периоди од годината. Но, постојат практични причини зошто многумина сакаат да се „врзат“. Надвор е ладно, не се случуваат толку настани и луѓето повеќе остануваат дома за разлика од потоплите месеци. Тоа значи дека нивните шанси за запознавање на потенцијален партнер се значително намалени. Поради тоа, луѓето имаат силна желба за гушкање во текот на зимскиот период. Според повеќемина, празниците треба да се поминуваат со семејството, партнерот и блиските личности. Тоа е период во кој се посветува внимание на семејството, животот, љубовта и личните цели. Меѓутоа, доколку сте сингл, овој период можно е да ви предизвика анксиозност. Тој е еден вид потсетник дека немате партнер, бидејќи најверојатно ќе го поминете со семејството кое постојано ќе ве потсетува на тој факт“, објаснува Клариса Силва, бихевиорален научник и автор на блогот за љубовни совети „You’re Just A Dumbass“.
Минатата година била направена анкета со цел да се дознае кога луѓето се најзаинтересирани за љубовни состаноци. Биле испрашани 1.000 волонтери и резултатите покажале дека во зима кај мажите постои 15% поголема веројатност да бараат врска за разлика од другите годишни времиња, а кај жените истата веројатност е поголема за само 5%. Освен тоа, жените се подоследни во однос на тоа што го бараат, додека, пак, намерите на мажите варираат во зависност од годишното време.
Податоците добиени од Фејсбук исто така откриваат дека многу луѓе започнуваат врска за време на зимските месеци, особено околу Нова година и Денот на вљубените. На 24-ти декември бројот на нови врски бил за 28% проценти поголем од бројот на раскинувања, а 34% поголем на 25-ти декември.
„За време на новогодишната ноќ сите размислуваат за нивните планови и желби за наредната година. Доколку сте биле сингл, тоа што ќе гледате како паровите се бакнуваат и гушкаат нема да се одрази добро на вашето его и почетокот на новата година нема да ви биде баш најсјаен. Доколку си најдете партнер тој период, ќе успеете да ја исполните таа празнина, барем навидум“, заклучува Силва.
Во продолжение прочитајте уште неколку интересни факти за сезоната на „врзување“…
Клучниот знак дека започнала сезоната на „врзување“
Знаете дека започнала сезоната на „врзување“ кога 5 од вашите поранешни момчиња во текот на еден единствен викенд ви пишуваат пораки дека би сакале да се видите за да си поприкажете.
Некои луѓе не ја обожаваат оваа сезона
Луѓето чии пријатели се во врска ја мразат оваа сезона.
На некои, пак, едноставно не им оди „врзувањето“
Луѓето кои никако не можат да си најдат партнер исто така ја мразат оваа сезона.
Некои не ни сакаат да се „врзат“
Луѓето кои не сакаат да започнат љубовна врска ќе мора да скршат многу срца овој период…
Сепак на мнозинството луѓе им се допаѓа оваа идеја
Најголемиот дел од луѓето одвај чекаат да дојде сезоната на „врзување“ бидејќи тогаш им се зголемуваат шансите да си најдат партнер и конечно да започнат сериозна љубовна врска.