Зимска нега на стапалата

Зимска нега на стапалата

И покрај тоа што во зима носиме обувки кои ги кријат стапалата, тие и во овој период бараат посебна нега и не треба да се запуштат, туку грижливо да се негуваат. Многу е важно да не ги занемарувате вашите стапала во зима, бидејќи повеќе се потат поради затворените обувки. За да немате проблеми со габични инфекции, задебелени пети и враснати нокти, стапалата треба секојдневно да ги негувате. Доволно е секој ден да се одвојуваат по 15 минути за нивна нега и да се следат овие совети, за да ви бидат нежни и убави како никогаш порано. Зимска нега на стапалата

Наутро освежете ги стапалата

Секое утро намачкајте ги стапалата со специјални производи кои освежуваат и ја поттикнуваат циркулацијата, па на тој начин полесно ќе ги поднесете дневните обврски. Навечер  после туширање користете помада со смирувачко дејство или спреј за ублажување болки и отоци.
.

Секоја недела омекнете ја кожата

Еднаш неделно стапалата добро намачкајте ги со помада, завиткајте ги во проѕирна фолија и потоа облечете чорапи. Носете ги неколку часа, но уште подобро е да останат преку цела ноќ. На овој начин кожата ќе ги впие сите хранливи материи и стапалата ќе станат нежни.
.

Не сечете ги кутикулите

Никогаш немојте да ги сечете кутикулите со ножици, бидејќи ќе направите ранички кои болат и тешко зараснуваат. Наместо тоа премачкајте ги со специјално масло за третирање кутикули, почекајте да се впие во кожата, а потоа нежно притиснете ги со стапче за уши. Ноктите на нозете пак, треба да се обликуваат така да врвот на нокотот биде рамен по цела широчина. На овој начин се спречува враснувањето, кое може да биде многу болно.
.

Масажата ги намалува болките

Навечер, пред спиење, масирајте ги стапалата со специјално масло или бадемова помада, но ако немате ништо од ова, може и со кое било млеко за тело. Масажата ќе ви ги намали болките, ќе ве релаксира и ќе ви помогне полесно да заспиете.
.

На стапалата им е неопходна влажност

Поради постојаното триење од обувките, стапалата најпрво ја губат влажноста и еластичноста, а потоа се сушат и пукаат. За да не се случи ова, секоја вечер после туширање намачкајте ги со најхидратантната помада што ја имате.
.

Уште еден совет

Поради зголемено потење на нозете во зима, расте ризикот од појава на габични инфекции. Ако и вие имате ваков проблем, секоја вечер веднаш после туширањето, добро избришете ги стапалата (особено кожата помеѓу прстите), а потоа истријте ги со парче лимон. Лимонската киселина ја дезинфицира кожата, а и ноктите ги прави побели.
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Цаци Reply

    А што е помада?Крем некој или…
    Првпат слушам 😀

  2. BIBA Reply

    Wo Caci od kade si ti be shto ne znaesh shto e pomada?:) Krema e, najmn se upotrebuva terminot za krema za race 🙂

  3. Цаци Reply

    Фала!
    Стварно првпат слушам 😀

    • BIBA Reply

      Nishto nishto, poveli i drug pat 😀

Остави коментар