Жолтата боја е совршена за вашиот маникир ова лето

Жолтата боја е совршена за вашиот маникир ова лето

Со доаѓањето на летните денови, време е да се одмориме од темните бои на лакови. Без разлика дали сакате маникирот да го искомбинирате со посветли бои на облека или со бои кои се моментално популарни, жолтата нијанса на лак ќе ја „зачини“ секоја модна комбинација. Исто така, потемнетиот тен дополнително ќе се истакне со некој интересен жолт маникир.

Иако вообичаено жените преку лето бираат пастелни и корални нијанси, интензивните и впечатливи нијанси на жолта боја ќе изгледаат одлично на вашите нокти.

1. Класичен маникир

Жолтата боја е совршена за вашиот маникир ова лето

За едноставен маникир изберете класична жолта нијанса. Ваквите нијанси лесно се вклопуваат во сите стилови, од лежерен до елегантен, а прикладни се и за различни поводи. Нежните жолти нијанси, исто така, прилегаат на секоја должина и облик на нокти.

2. „Диско стил“

Жолтата боја е совршена за вашиот маникир ова лето

Доколку сте расположени за светки и маникир во „диско стил“, наш предлог се златните нијанси со дополнителни светки. Доколку го одберете овој маникир, ви советуваме остатокот од комбинацијата да ви биде во понежни тонови, со цел ноктите да дојдат до израз.

3. Тродимензионални украси

Жолтата боја е совршена за вашиот маникир ова лето

Можеби не се за секого и за секоја прилика, но тродимензионалните украси за нокти не излегуваат од мода. Најчесто одговараат за посебни прилики, кога вашите нокти ќе изгледаат како малечки ремек-дела.

4. Цветни детали

Жолтата боја е совршена за вашиот маникир ова лето

За свеж и разигран изглед на ноктите одберете цветни украси во жолта боја. Самиот цветен детаљ ќе привлече внимание. Доколку сакате подискретен изглед, едниот нокт украсете го на овој начин, а останатите нокти налакирајте ги во посакуваната пастелна нијанса.

5. Летни мотиви

Жолтата боја е совршена за вашиот маникир ова лето

Доколку едноличниот маникир веќе ви е досаден, бидете креативни и направете еден „направи сам“ проект – на жолта основа со црн лак нацртајте сонце. Исто така, со црни и жолти едноставни линии можете да постигнете изглед на пчелка. Многу едноставно, а многу интересно.

Жолтата боја е идеална за комбинирање со други бои и во различни модни комбинации. Дозволете ѝ на вашата креативност да дојде до израз и дизајнирајте жолт маникир по ваш вкус.

Погледнете ги овие магично дизајнирани нокти кои раскажуваат цели приказни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевничка која би живеела во приказна на Харуки Мураками, во режија на Вес Андерсон, со саундтрак на The Smiths.

Поврзани содржини

Остави коментар