Жолта – боја која ја лечи зимската депресија

Жолта – боја која ја лечи зимската депресија

Како што температурите се спуштаат до нулата, а над градот почнуваат да владеат маглата и сивилото, така и мрачните бои доминираат на нашата облека. Секоја чест и на црната и на сивата боја, бидејќи се класика и со нив нема простор за грешки. Но, да бидете од глава до пети облечени во нив, во комбинација со зимски капут, јакна, чизми, панталони, шал и капа е навистина премногу и станува досадно. Бојата која ќе ја освежи модната комбинација, како и вашето расположение е дефинитивно жолтата. За среќа, бутиците се преполни со неа.

4-ja-sakame-vednash-vo-nashiot-garderober-ova-boja-ja-lechi-zimskata-depresija-www.kafepauza,mk_

Секако, спектарот на боите за пролет и лето наликува на амазонска прашума, додека во текот на зимата се претвораме во вистински мрачни души. Ова и не е толку чудно, бидејќи и психолошки е докажано дека времето влијае врз нашето облекување, а облекувањето пак може да влијае врз нашето расположение. Во текот на зимата често сме безволни, без енергија, мрачни како нашиот црн капут.

1-ja-sakame-vednash-vo-nashiot-garderober-ova-boja-ja-lechi-zimskata-depresija-www.kafepauza,mk_

За да ја избегнете таа зимска депресија, наместо одлуката да облечете класичен црн капут, одлучете се за малку поинаква боја.

2-ja-sakame-vednash-vo-nashiot-garderober-ova-boja-ja-lechi-zimskata-depresija-www.kafepauza,mk_

Наша препорака, но и препорака од психолозите е – жолто. Според славната онлајн платформа која ги диктира популарните бои за сезоната, Пантоне, жолтата боја обележува среќа, надеж, топлина, љубов, и генерално добро чувство. На таа група припаѓаат и силно портокаловата, па и црвената боја. Од студениот спектар на бои тука е зелената која ни помага да се избориме против зимската депресија.

6-ja-sakame-vednash-vo-nashiot-garderober-ova-boja-ja-lechi-zimskata-depresija-www.kafepauza,mk_

Замислете само како би изгледал жолтиот капут до колена во морето од црни, сиви и темносини капути. Исто така, ако мислите дека капутот или јакната се премногу впечатливи за ваш вкус, тогаш размислите за некоја блуза или кошула. Понекогаш, и жолтата долна облека, иако никој не може да ја види, може да ве развесели и расположи.

5-ja-sakame-vednash-vo-nashiot-garderober-ova-boja-ja-lechi-zimskata-depresija-www.kafepauza,mk_

Исто така, модната индустрија веќе илјада пати кажа: „Правилата се тука за да се кршат!“ Тоа значи дека ако е врежено правилото во зима да се носат темни бои, не значи дека мора да се држите до него.

3-ja-sakame-vednash-vo-nashiot-garderober-ova-boja-ja-lechi-zimskata-depresija-www.kafepauza,mk_

Исто така, иако ние ве советуваме да се одлучите за жолт капут или бунда, ако вас ве радува сивата боја, тогаш слободно одлучете се за него. Но, доколку изберете да бидете модерни и поразлични во текот на зимата, тогаш погледнете како да ја комбинирате жолтата боја според вашиот тен.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар