Животот започнува тогаш ќе престанете да играте според туѓите правила

Животот започнува тогаш ќе престанете да играте според туѓите правила

Нашите животи се меѓусебно испреплетени. Логично е тоа што си влијаеме едни на други. Но, каде е границата кога престануваме да бидеме свои и што се случува тогаш? Свои сте тогаш кога не морате да го прилагодувате вашиот став според другите, само затоа што сте уверени дека тие знаат повеќе.

Животот започнува тогаш ќе престанете да играте според туѓите правила

Свои сте кога сфаќате дека никој нема да ви ракоплеска поради вашите соништа и знаете дека самите морате да ги чувате во себе како најголемо богатство. Вистинскиот живот започнува тогаш кога туѓите зборови ќе ги земате со резерва, без разлика дали некој ве фали или критикува. Чудата се случуваат тогаш кога ќе го сфатите сето тоа. Но, мора да се стигне дотаму, а процесот е долг и болен.

Вистинскиот живот започнува тогаш ќе престанете да ги собирате луѓето околу себе и да им го докажувате вашиот статус, образование, религија и сѐ останато. Тогаш ќе сфатите дека на другите тоа им оди на нерви, а вам само ви го храни егото. Ништо повеќе! Нахранетото его може само да ја наруши рамнотежата на вашето битие, бидејќи со текот на времето ќе бара сѐ повеќе и повеќе. Тогаш ќе почнете да им угодувате на луѓето, само за да ве следат, да ви ракоплескаат и да го одобруваат она што го правите.

Доколку не ви оди тоа од рака, ќе почнете да се понижувате, да ползите пред другите и да правите сѐ само за да добиете ронка одобрување. Постојано ќе се прашувате зошто го правите тоа кога не ви носи среќа, туку сѐ повеќе ве растажува. И покрај сето тоа, многу ќе ви биде тешко да соберете сила и да се промените.

Вистинскиот живот почнува тогаш кога нема да играте според туѓите правила. Но, кога ќе дојдете до тоа сознание, ќе се прашувате зошто ви требало толку време да го сфатите тоа и да ја донесете таа единствена одлука, кога сте можеле цело време да живеете на таков начин.

Не треба да им го предадете клучот за управување со животот на другите луѓе. Не мора да се борите против сите останати. Убавината на животот лежи во сознанието дека можете да живеете мирно без сите тие битки. Бидете свои, ништо повеќе, но и ништо помалку.

Доколку сакате да имате среќен живот, прочитајте ги следниве бесценети мудрости за законот на привлекување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар