Животот продолжува понатаму: 5 работи кои никој не ви ги кажал за животот после факултетот

Животот продолжува понатаму: 5 работи кои никој не ви ги кажал за животот после факултетот

Во текот на растењето, животот некако ни се мери по степенот на образование во кој се наоѓаме. Најпрво одиме во основно училиште, па во средно и на крај на факултет. Но, колку често се спомнува животот после факултетот, а притоа да не се спомнуваат брак и деца? Токму поради оваа причина честопати не сме емоционално подготвени за „живот после дипломата“. Најчесто сметаме дека следна фаза е пронаоѓање работа и одлуката за тоа каде ќе живееме. Но, толку многу искуства нè чекаат по завршување на факултетот што е навистина голема штета ако ги немаме на ум. Погледнете за кои станува збор.

1-zhivotot-prodolzhuva-ponatamu-5-raboti-koi-nikoj-ne-vi-gi-kazhal-za-zhivotot-posle-fakultetot-www.kafepauza.mk_

1. Создавањето нови пријателства и одржувањето на старите не е воопшто лесно

Во училиштето сме навикнати да бидеме опкружени со луѓе на иста возраст како нашата и тоа секојдневно. Во вистинскиот живот, морате и тоа како да се потрудите за да бидете опкружени со луѓе на ваши години и слични интереси, односно константно да работите на градење на односи со нив.

2. Вашата прва (и втора и трета) работа нема да биде онаа од вашите соништа

Кога го замислувате првото „скалило“ после факултетот, сигурно ја замислувате првата работа. Она што никој нема да ви го каже е тоа што вашата прва работа нема да биде слична како изборот на факултет – знаете, полно опции, а вие ја избирате онаа која најмногу ви се допаѓа за следните 3 до 5 години. Вашата прва работа најверојатно ќе биде онаму каде што ќе има слободно место… Но, свртете го тоа во ваша корист – запознајте ја индустријата, создадете ваши интереси и познанства, односно дозволете си да откриете што навистина ве радува во животот.

3. Ќе имате и повеќе од две кариери

Воспитани сме така што мислиме дека кога еднаш ќе пронајдеме кариера и работа – тоа е тоа. Но всушност, тоа е многу покомплицирано и тоа е позитивна работа. Не мора да се обврзувате за само една кариера како тоа да е најважната одлука во вашиот живот. Можете да ја менувате работата кога и колку сакате, ако на тој начин сметате дека полесно ќе го пронајдете вашиот пат. Тоа не значи дека од училиштен професор преку ноќ ќе станете професионален пекар (иако тоа е целосно возможно!), но ако немате поимно разработен план за вашата иднина, тогаш тоа е навистина во ред.

3-zhivotot-prodolzhuva-ponatamu-5-raboti-koi-nikoj-ne-vi-gi-kazhal-za-zhivotot-posle-fakultetot-www.kafepauza.mk_

4. И не е толку важно каде сте студирале

Вистина е! Каде сте оделе на училиште нема да влијае на вашиот живот во онаа мера колку што мислите. Секако дека е одличен начин за склопување познанства и развивање врски со луѓето со кои сте студирале, но што се однесува до вашата „работа од соништата“ – не дозволувајте дипломата да ве ограничува и попречува во тоа.

5. Животот не оди секогаш нагоре – Морате да научите да станете по секој пад!

Животот се состои од висини и падови. Немојте да мислите дека после завршувањето на факултетот вашиот живот ќе расте и расте, односно секој ден ќе станува подобар од претходниот. Ќе ви се сучат исклучително тешки, грди, убави, забавни и тажни моменти – и тоа е составен дел од животот. Морате да ги прифатите како дел од животот, да останете позитивни, секогаш да гледате нанапред и да знаете дека наскоро сè ќе се врати во нормала.

Attractive female freelancer hold smart phone while sitting at w


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар