Животот не е трка туку патување во кое треба да уживате

Животот не е трка туку патување во кое треба да уживате

Животот е полн со предизвици. Понекогаш тешко е да се постапи правилно и да се донесе вистинската одлука. Не е лесно да се пронајде животната цел и да се биде среќен цело време. Сепак, постојат некои принципи по кои треба да се водите за да успеете да го извлечете максимумот од себе, но и од можностите што ви ги нуди животот. Прочитајте за кои безвременски правила станува збор…

(1) Животот не е трка туку патување во кое треба да уживате

1. Не си ја намалувајте сопствената вредност со тоа што ќе се споредувате со другите. Секој од нас е различен и секој од нас е посебен.

2. Не ги поставувајте сопствените цели според туѓото мислење. Само вие знаете што е најдобро за вас.

3. Не земајте ги здраво за готово работите кои ви значат. Чувајте ги како што го чувате сопствениот живот, бидејќи без нив, животот ќе ја изгуби смислата.

4. Не дозволувајте да го поминете животот живеејќи во минатото, а не во сегашноста. Живејте како секој ден да е последен.

5. Не се откажувајте сѐ додека имате причина да продолжите понатаму. Ништо не е изгубено додека не се откажеме и не престанеме да се трудиме.

6. Не плашете се од ризикот, бидејќи тој нѐ учи како да бидеме похрабри.

7. Не исклучувајте ја љубовта од вашиот живот мислејќи дека е невозможно да се најде. Најбрзиот начин да добиете љубов е вие да ја дадете.

8. Најбрзиот начин да ја изгубите љубовта е да ја држите прецврсто. Најдобриот начин да ја задржите љубовта е да ѝ дадете крилја.

9. Не ги отфрлајте вашите соништа. Животот без соништа е живот без надеж. Животот без надеж е живот без смисла.

10. Не брзајте во животот, бидејќи така не само што ќе заборавите каде сте туку и каде одите.

И не заборавајте дека животот не е трка, туку патување во кое треба да уживате со секој нареден чекор што ќе го направите.

Во продолжение прочитајте ги и овие животни правила сублимирани од најпознатите цитати.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар