Животот е премногу краток за да се будите тажни: 14 мудрости што ќе ви ги разведрат мрачните денови

Животот е премногу краток за да се будите тажни: 14 мудрости што ќе ви ги разведрат мрачните денови

Понекогаш има денови кога сѐ ни оди наопаку. Тогаш се чувствуваме лошо, безнадежно и беспомошно и мислиме дека таквата состојба ќе ни трае засекогаш. Сепак, длабоко во себе знаеме дека тоа не е така и дека можеме да сториме нешто за да ги смениме работите. Доколку токму денес се чувствувате нерасположено и депресивно, следниве 14 мудрости со сигурност ќе ве разведрат и ќе ве уверат дека сѐ ќе биде добро…

Животот е премногу краток за да се будите тажни: 14 мудрости што ќе ви ги разведрат мрачните денови

1. Некому му значите сѐ.

2. Вашата насмевка може да ги расположи дури и оние луѓе на кои не им се допаѓате.

3. Некој мисли на вас секоја вечер пред да заспие.

4. Честопати причината зошто некој ве мрази е тоа што тој сака да биде како вас.

5. На светот постојат најмалку 2 лица за кои сте подготвени да го дадете вашиот живот.

6. Постојат најмалку 13 луѓе кои ве сакаат на свој начин.

7. Животот е премногу краток за да се будите тажни.

8. Сакајте ги луѓето кои се однесуваат добро со вас, заборавете на тие кои не го прават тоа и верувајте дека сѐ се случува со причина.

9. Дури и тогаш кога сте ја направиле најголемата грешка во вашиот живот, нешто убаво ќе произлезе од сето тоа. Запомнете дека сѐ што се случува во вашиот живот, се случува за ваше добро. Верувајте во тоа!

10. Кога мислите дека животот ви го свртел грбот, погледнете го од друг агол.

11. Секогаш имајте го на ум следново: Кога животот ви дава шанса – земете ја! Ако таа шанса може да ви смени целиот ваш живот, дозволете ѝ да се случи.

12. Никој не рекол дека ќе биде лесно. Само ветиле дека вреди да се борите.

13. Разберете дека никој од нас не може да биде инспириран секој ден. Сите ние се изморуваме. Сите се разочаруваме. Факт е дека ако ви се потрошила сета сила и уморни сте од животот, тоа не значи дека стоите во место.

14. Ако сте уморни, движете се бавно. Движете се мирно, без брзање. Но, не запирајте.

Прочитајте ги и следниве бесценети мудрости за законот на привлекување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар