Животот е премногу краток: 5 начини да го искористите во целост

Животот е премногу краток: 5 начини да го искористите во целост

„Carpe diem“ е слоган кој многумина го цитираат, но дали тие навистина го зграпчуваат денот? Тој се црта на згради, се користи како мото за различни институции и се споделува на интернет преку моќни мотивациски пораки како да нема утре. Работата е што утре сепак ќе дојде, но прашањето е дали и ние ќе бидеме дел од тоа. Откако ќе сфатите дека времето ви е ограничено, ќе научите како да живеете во моментот дури и ако сè уште планирате да живеете барем уште 100-тина години… Еве ги 5-те начини на кој наједноставно можете да научите како во целост да го искористите вашиот живот.

Животот е премногу краток: 5 начини да го искористите во целост

1. Симнете се од возот

Постои еден филм кој се вика „Before Sunrise“. Во оваа приказна Итан Хок ја замолува Џули Делпи да се симне со него од возот во кој патуваат, дури и покрај тоа што ја познава само неколку часа. Тој мора да остане во Виена до наредното утро со цел да го фати својот авион за Америка, но бидејќи ги потрошил сите пари патувајќи низ Европа нема доволно за хотел. Токму затоа и решил да шета низ градот, уживајќи во неговите пејзажи. Тоа може да го стори сам, но сепак решава да ризикува и да ја покани оваа девојка, дури и по цена да биде засрамен. Како и што можете да претпоставите, тој ќе преземе ризик кој потоа ќе му го промени животот.

Прашањето е дали сте подготвени да се симнете од возот кога авантурата ве повикува? Или пак, решавате да го игнорирате овој повик така што го одбирате сигурниот пат?

2. Само една вечер

Да се вратиме повторно на филмот. Доколку имате само една вечер да помнете со одредена личност, без разлика дали станува збор за ваш пријател, родител, куче или партнер, што би направиле различно? Кои тајни би ги откриле? Каде би оделе? Што би сакале тие да дознаат за вас, вашата врска и општо за вашиот живот? Што би бил вашиот подарок за нив?

Во повеќето врски со тек на време ние почнуваме да ги земаме луѓето, па дури и животните здраво за готово. Ние очекуваме од нив да бидат онаму каде што сакаме тие да бидат. Почнуваме да се нервираме од одредени нивни навики. Понекогаш толку многу почнуваме да се фокусираме на негативните делови, што дури почнуваме и да ги пропуштаме позитивните. Токму затоа направете си еден експеримент. Однесувајте се кон оваа личност како да сте последна вечер заедно и забележете што друго би направиле. Како што вели една позната изрека, „Вие не знаете што имате сè додека не го изгубите тоа.“

3. Обрнете внимание

Дали ги слушате луѓето или вие сте оние кои секогаш зборуваат? Дали давате сè од себе за да ги сфатите оние околу вас или пак секогаш барате шанса да ги разубедите да го гледаат светот од ваша перспектива? Дали сте присутни во нивниот живот или секогаш размислувате за нешто друго во нивна близина? Дали се плашите да го откриете вашиот вистински лик пред најблиските? Обрнете внимание на сега и тука. На истиот овој момент. Можеби сите ваши врски се одлични. Можеби заработувате многу пари или живеете на убаво место. Или пак, можеби сакате да заработувате повеќе пари, да најдете ново момче/девојка или да живеете на поубаво место. Можеби се плашите дека ќе го изгубите тоа што го имате или дека нема да го постигнете тоа што го сакате.

Не заборавајте дека вие веќе имате живот и дека треба да обрнете внимание на она кое ви се случува во моментот и од тука да почнете да работите на насочувањето на вашиот живот во онаа насока во која сакате тој да оди.

Почнете денес

Најчесто утре не е најдобриот ден да се почне. Вие нема да бидете помалку мрзливи, ниту пак попаметни утре за разлика од денес. Тоа не е изговор за постојано да ги одложувате нештата. Направете план и почнете да го спроведувате уште од денес.

Доколку сакате да направите нешто, без разлика дали станува збор за пишување книга или за посетување на пирамидите, преземете акција денес! Почнете да штедите по едно евро дневно за вашиот пат или пишувајте по една страница на ден за вашата книга. На крајот од краиштата, навијте го алармот еден час порано од вообичаено и започнете го утрото со мали чекори кои ќе ве водат кон остварување на вашите соништа.

Не живејте туѓ живот

Стив Џобс еднаш рекол, „Нашето време е ограничено. Не го трошете на нечиј друг живот.“ И тој бил во право. Нашето време е ограничено и живеењето на туѓиот живот нема да нè направи среќни.

Вашиот живот е ваш подарок и ваша сегашност, токму затоа треба да го правите сè она кое вам длабоко ве исполнува и усреќува. Без разлика дали сакате да го освоите светот, да се искачите на Еверест или да седите на вашиот кауч, вашето време е само ваше за организирање. Почнете полека да ги правите сите оние нешта кои некогаш сте ги замислувале и животот полека ќе ви тргне во вистинската насока. Време е да престанете да се обидувате да ги задоволите потребите на сите останатите освен вашите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар