Животни лекции што можете да ги научите од Италијанките

Животни лекции што можете да ги научите од Италијанките

Италијанките отсекогаш важеле за „огнени“ жени кои изгледаат совршено и будат бројни чувства и реакции во околината во која се наоѓаат. Добро познатата мантра на овие дами, но и на нивните сограѓани секогаш била „Dolce vita“ (во буквален превод: сладок живот), па самото тоа укажува дека тие се примери по кои би требало да се водиме. Следуваат дел од животните лекции кои мора да ги научите од овие прекрасни жени.

1-zhivotni-lekcii-koi-treba-da-gi-nauchite-od-italijankite-www.kafepauza.mk_

1. Уште на самиот почеток да разјасниме, доколку некаде во Италија забележите девојка со неуредна коса, што не е баш добро средена и добро стилизирана, веднаш имајте на ум дека не станува збор за Италијанка. Тие сакаат секогаш да изгледаат добро во јавност и без разлика каде одат, облечени се соодветно за приликата и изгледаат пристојно, па тоа е една од лекциите која и самите би требало да ја следите.

2. Виното е секогаш добар избор кога ви се пие нешто, но и кога не знаете што да нарачате. Но, Италијанките ве предупредуваат на една многу важна работа. Тоа се пие во текот на денот, за време на ручекот, од една до две чаши. Виното не служи за да се опиете, туку да уживате во неговиот вкус без лошите последици кои претераното консумирање алкохол знае да ги направи.

3. Тие имаат еден одличен начин на кој го чуваат своето здравје. Никогаш од својот дом не излегуваат со мокра коса, особено кога времето е студено или променливо. Дури и кога е потопло, мократа коса знае да предизвика болка во вратот, а Италијанките не сакаат да се справуваат тоа.

2-zhivotni-lekcii-koi-treba-da-gi-nauchite-od-italijankite-www.kafepauza.mk_

4. Исто како нас, така и Италијанките сакаат да почувствуваат добар вкус и да јадат квалитетна и навистина вкусна храна. Тоа ни е заедничка црта. Но, би требало да знаете еден факт кој Италијанките одамна го знаат, а тоа е дека тестенините не дебелеат и дека не е потребно да не ги јадете доколку ги сакате, само ако се плашите дека драстично ќе влијаат на зголемувањето на тежината.

5. Американскиот, но и европскиот начин на пиење кафе „на нога“ во Италија едноставно не функционира. Особено Италијанките сакаат да седнат, убаво и на мир да испијат една шолја вкусно, силно кафе, а не да трчаат по улицата и да пијат од картонска чаша. Затоа научете дека во оваа напивка се ужива и дека е создадена токму за тоа, а не само за да се разбудите.

Прочитајте ги и овие 10 лекции за убав живот од француските жени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар