Животни лекции кои ги научивме од ТВ серијата „Како ја запознав мајка ви“

Животни лекции кои ги научивме од ТВ серијата „Како ја запознав мајка ви“

Ако би требало да бираме која ТВ серија нè има научено најмногу животни лекции, тогаш тоа би морало да биде „Како ја запознав мајка ви“. Не само што ликовите се одлично обмислени и со уникатни приказни, туку исто така целото дејство на приказната ни овозможува одличен поглед „од страна“ на нашите секојдневни животи. Доколку поради премногу смеење не успеавте да ги забележите пораките кои ни ги пренесува оваа ТВ серија, погледнете дел од животните лекции кои ние ги научивме од „Како ја запознав мајка ви“…

Животни лекции кои ги научивме од ТВ серијата „Како ја запознав мајка ви“

1. Ако е судено, ќе биде

Најдобар пример за оваа лекција е Тед. Тој во текот на ТВ серијата постојано ја бара љубовта на неговиот живот за да може да се ожени со неа. Но, и покрај целиот труд, посветеност и поминати 8 сезони, тој сè уште не е ни блиску до својата свадба. Ова нè тера да веруваме во старата и добро позната лекција дека ако е судено, ќе биде. Никогаш не откажувајте се од потрагата, бидејќи кога ќе дојде време ќе го пронајдете тоа што го барате.

Животни лекции кои ги научивме од ТВ серијата „Како ја запознав мајка ви“

2. Врските на далечина ретко кога успеваат

Оваа ТВ серија ни покажува дека врските на далечина ретко кога успеваат, посебно ако станува збор за подолг временски период. Во првата сезона, Тед беше во врска со Викторија која добива понуда за работа во странство. На аеродромот, тие одлучуваат да ѝ дадат шанса на врската на далечина, кажувајќи си на себе дека ќе успее. Но, Тед од иднината во тој момент им кажа на своите деца дека нема да успее и дека овие врски навистина многу ретко успеваат.

Животни лекции кои ги научивме од ТВ серијата „Како ја запознав мајка ви“

3. Ништо добро никогаш не се случува по 2 часот по полноќ

И оваа лекција ни доаѓа од искуството со Тед. Неговата мајка имала правило кое постојано го повторувала, а тоа е дека ништо добро никогаш не се случува по 2 часот по полноќ. И покрај тоа што неговите пријатели целосно го поддржуваат ова правило со свои примери, Тед одлучува да ризикува откако Робин ќе го викне на џус после 2 часот. И потоа по сплет на околности таа вечер тој ја губи девојката со која беше во врска, како и Робин со која сакаше да започне нешто ново, што повторно ја потврдува вистинитоста на правилото на неговата мајка.

Животни лекции кои ги научивме од ТВ серијата „Како ја запознав мајка ви“

4. Работите кои не сте ги сакале порано, можеби не се толку лоши за вас понатаму во животот

Оваа лекција нè учи дека секогаш треба да бидеме отворени за сите нешта, без разлика дали некогаш сме ги сакале или не. Тед во првата сезона открива дека многу му се допаѓа една маица која пред 6 години воопшто не ја сакал, а потоа и дека му се допаѓа вкусот на Бурбон кој тој мислел дека не може да го поднесе. Понекогаш треба да се запрашаме зашто имаме толкав отпор кон одредени нешта и дали можеби дошло време кога тие би можеле да бидат добри за нас.

Животни лекции кои ги научивме од ТВ серијата „Како ја запознав мајка ви“

5. Тестот „преден трем“ може да ви помогне да сфатите дали со вашиот избор би биле среќни во иднина

Во четвртата сезона, Лили признава дека била причина за неколку раскинувања на Тед со девојки кои не го поминале Тестот „преден трем“. Станува збор за начин на кој Лили си замислува колку среќни би биле сите заедно кога ќе остарат и кога ќе поминуваат доста време заедно. Оваа животна лекција нè учи дека само најважните луѓе во вашиот живот можете да ги замислите во иднина како среќно седат покрај вас. Овој тест може да се примени и на секојдневни одлуки. На пример, размислете дали би биле среќни во иднина доколку одберете професија како сметководител? Или можеби би биле посреќни ако знаете дека сте се обиделе како писател?

Животни лекции кои ги научивме од ТВ серијата „Како ја запознав мајка ви“

6. Клубовите се ужасни

Да бидеме на чисто, оваа лекција дефинитивно се однесува за постарите млади луѓе. Сите ние обожававме да одиме по клубови, дискотеки и забави кога бевме помлади. Но, како што поминува времето полека сфаќаме дека тие не се тоа што биле. На пример, во првата сезона Робин е поканета во нов клуб наречен „Okay“ во кој ќе отидат и Тед и Барни. Но, што се случува внатре? Тед се обидува да разговара со девојка, но не може ништо да ја разбере бидеќи музиката е прегласна, а потоа кога отиде по пиво успеа да го земе дури по еден час чекање во ред. Робин завршува надвор од клубот бидејќи кога ќе излезе да се јави на мобилен, ќе се смени вратарот кој нема да ја пушти повторно да влезе. А за Барни, подобро да не кажеме што се случи со него… Поради тоа заштедете си себе и време и пари и најдете подобар начин на кој ќе ги поминувате викендите.

Животни лекции кои ги научивме од ТВ серијата „Како ја запознав мајка ви“

7. Секогаш имајте ја на ум „Лудата-жешка скала“

Лудата-жешка скала“ е графа создадена од Барни со која го објаснува односот помеѓу жешкото и лудото. Барни објаснува дека на една личност ѝ е дозволено да биде луда, сè додека е подеднакво жешка. Секако, совршено би било доколку вашиот партнер е над дијагоналната линија, што укажува на тоа дека е пожежок отколку што е луд. Но, имајте на ум дека секој од нас е на некој начин луд, и токму тоа е тоа што ја прави врската интересна.

Животни лекции кои ги научивме од ТВ серијата „Како ја запознав мајка ви“

8. Говорот на телото може да ви каже дали е личноста слободна или во врска

Во втората сезона, братот на Барни, Џејмс доаѓа во посета и им кажува на сите од групата дека се млади луѓе кои живеат во Њујорк и затоа треба да излегуваат и да се забавуваат дури и кога се во врска. Барни претходно ги научи дека оние личности кои ги одбиваат понудите од згодни девојки/момци, повеќе сакаат да седат на сепаре отколку да танцуваат и постојано праќаат пораки на мобилниот, дефинитивно се во врска. Поради оваа лекција, тие забележаа дека има нешто чудно во однесувањето на Џејмс и сфатија дека тој мора да е во врска. Секако, секој може да се потпре на оваа лекција пред да ѝ пристапи на онаа личност која веќе некое време му „паѓа“ во поглед.

Животни лекции кои ги научивме од ТВ серијата „Како ја запознав мајка ви“

9. Секогаш има еден очигледен победник и еден очигледен губитник

Во третата сезона, Робин треба да се сретне со нејзиното поранешно момче Симон. Групата едногласно се согласува дека секојпат кога по долго време ќе се сретнат стари познаници, постои очигледен победник и очигледен губитник. Со други зборови, некој поминал одлично во својот живот, а другиот и не толку. Оваа лекција нè учи дека постојат луѓе кои се поамбициозни и помалку амбициозни од нас, па поради тоа некогаш вие сте „победникот“, а некогаш вашиот пријател од минатото. Но во секој случај, секогаш е интересно да дознавате како се снашле личностите од вашето минато во нивниот живот.

Животни лекции кои ги научивме од ТВ серијата „Како ја запознав мајка ви“

Кои се лекциите кои вие ги имате научено од оваа ТВ серија?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар