Живот
Автор: Eлена
(поднесено преку „Предложи содржина“)Зошто е животот толку тежок? Или пак срцето е она што многу сака?
Што ако некоја шанса не успееме да ја фатиме со рака?
Постои ли живот после смртта, има ли пекол и рај? Каде ќе биде нашиот крај..
Што ако нешто се згреши, кога на крајот сè ќе се реши.
Понекогаш е потребно да нè крене голем бран за на крај да уживаме во мирниот океан.
Потребен ли е стравот во нас дека животот може да ни згасне за час?
Колку ќе бидеме среќни ако за сè се грижиме, ако мируваме во место и не се движиме.
Живот ли е тоа така, ако сè се добива без мака.
Која ќе биде нашата цел ако за тоа што го сакаме не вложиме ни дел.
Што и да правиш верувај во себе, и никогаш не гледај го тој пред тебе.
Слушај ги твоите мисли, а не на некој друг и не оставај сè да се врти во круг.
Зграпчи го секој момент што животот ти го дава и за сè двапати размисли со твојата глава.
Никој не е толку верен како што се прави, сите твои муабети еден ден на виделина ќе ги стави.
И секој твој совет ќе го искористи против тебе, затоа што така ќе се прави горд со самиот себе.
И после сè што си направил треба себеси да се цениш, колку и да си различен имај свое јас и немој да се смениш.
Сакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе пауза? Пишете ни.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Bravooo :))
Преубаво е, браво!!
super ste
kazano na vistinski nacin
Fala vi za komentarite 🙂
uhu bravi dade super e ova <3