Живејте здраво: Брз рецепт за вкусна ужина што можете да ја однесете и на работа
Сигурни сме дека го знаете оној момент кога во текот на денот ќе ви се пријаде нешто слатко, но попрво би посегнале по некоја здрава храна наместо висококалорично парче торта или чоколадо. Ви откриваме феноменален рецепт кој го пронајдовме само за вас, а кој ќе ви овозможи една супер здрава ужина што понатаму ќе ви послужи како инспирација за продолжување со здравата исхрана.
Оваа здрава закуска се служи во тегла, па е идеална за носење на работа или на кое било друго место.
Потребни состојки:
За основата:
- 2 зрели авокада
- 3 лимети
- 6 сушени урми
- 150 грама замрзнати или свежи боровинки (по желба можете кое било друго црвено овошје)
- ½ лажичка кардамом
- 125 милилитри јогурт
За преливот:
- 1 табла црно чоколадо
- 10 бадеми
- 2 мали лажички путер од кикиритки
Начин на подготовка:
Исечете го авокадото на половина, извадете ја семката и излупете го. Потоа сматете го во блендер заедно со сокот од лиметата, додајте ги урмите и малку вода. Потоа добиената смеса префрлете ја во тегла, па ставете го јогуртот (најдобро би било да биде погуст). На крај додајте ги и боровинките со малку кардамом во блендер и матете додека не добиете хомогена површина. Префрлете ја и оваа смеса во тегла. Посипете издробени бадеми, рендано чоколадо и по желба додајте путер од кикиритки.
Доколку сакате да продолжите да се храните здраво во текот на летото, тогаш ви предлагаме неколку идеи за здрави и вкусни летни ужини.