Жежок тренд за оваа сезона: бисери
Бисерите се поврзуваат со покласични прилики, соодветни се за елегантните вечери, отмените излегувања и гламурозните забави. Сепак, за повеќето девојки, бисерите станаа и неразделен дел од секојдневниот стил на облекување.Новиот тренд на носење повеќе реда бисери создава драматичен и скромен, но префинет изглед. Кога носите едноставна кошула или маичка, додадете бисери во неколку реда и автоматски го трансформирате вашиот изглед.
Традиционалната боја на бисерите е бела, но со развојот на модата, нив ги гледаме во секакви бои, а сега особено се модерни оние во пастелни бои, од праска боја до светло розова. На овој начин имате многу повеќе можности да ги комбинирате со различна облека, како и да го прилагодите изгледот на вашиот тен.
Црните бисери се одличен избор за девојките и жените со потемен тен, како и за сите кои сакаат впечатлив, поразличен изглед.
Иако првото нешто што ни паѓа на памет кога ќе спомнеме бисери се ланчињата, денес изборот на накит и модни додатоци од бисери е навистина огромен, од обетки и брезлетни па сè до венчиња, јаки и други додатоци како дел од облеката.
За ова лето, вистински хит се алките во повеќе слоеви. Искомбинирајте бисери во различни бои за ретро изглед или со други метали и светкави камчиња за поелегантен.
Низ оваа селекција од фотографии пронајдете инспирација за изгледот кој сакате да го постигнете со помош на бисери, притоа знаејќи дека ќе бидете во тренд со последната мода.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Bezvremensko sovrsenstvo!