Жежок моден тренд ова лето: неонски бои
Благодарение на дизајнерите како Оскар де ла Рента и Кристофер Кејн, дречливите бои станаа тренд кој ова лето не можете да го избегнете, дури и како дел од високата мода. Еве неколку совети како да ги вклопите овие смели нијанси во вашата секојдневна облека.1. Неонските нијанси најдобро се комбинираат со неутрални бои како боја на слонова коска, праска, па дури и виолетова. Контрастот помеѓу дречливите и неутралните бои изгледа свежо и модерно, но не и нападно.2. Обратете внимание која боја му прилега на вашиот тен и на бојата на вашата коса. На пример, доколку добро ви стои тегет, тогаш пронајдете парче облека во „електрично“ сина нијанса и искомбинирајте го со розови нијанси. Доколку сакате пастелни нијанси на праска, носете светло портокалови парчиња облека. Избегнувајте да комбинирате парчиња облека во одредена боја со нејзината неонска верзија.3. Доколку ви се допаѓа неонскиот тренд, а не знаете како да го вклопите во својата гардероба, најлесно е да го провлечете во вашиот стил преку накитот, кој одлично ќе се вклопи во вашите секојдневни комбинации.4. Уште еден начин дискретно да ги вклопите дречливите нијанси е преку шминката. Иако звучи екстремно, карминот и сенката во светла боја изгледа одлично доколку сте облечени во неутрални бои. На пример, розов кармин за усни во комбинација со пастелен фустан или неонско сина сенка во комбинација со блуза во морско сина нијанса и молив сукња. Притоа, внимавајте фризурата да не ви биде нападна, туку поедноставна.5. Бидете внимателни со црната боја. Комбинирањето на жолта неонска блуза со црни фармерки не е најпаметен избор. Иако црната боја се комбинира со сите, во овој случај создава екстремен контраст кој е поблизок со трендовите од осумдесеттите. Доколку сакате да комбинирате црно со дречливи бои, држете се до сините и виолетовите неонски нијанси.6. Чантите во светли нијанси се наједноставен начин да го испробате овој тренд, а во овој случај повторно клучен е контрастот. Наместо да одберете голема чанта во неонска боја, одберете помала чанта со долга рачка која се носи преку рамо. Преку горниот дел од телото, каишот ќе создаде одличен контраст со вашата облека.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.