Жешки трендови на бои за пролет 2012
Автор: Моника Трајковска
Пролетта е веднаш зад аголот, температурите ќе почнат да се зголемуваат, а со промената доаѓаат и новите модни трендови. Одберете каква било комбинација од следниве бои и ќе имате одличен нов и свеж изглед за оваа пролет.
Боја на мандарина
Оваа боја е прогласена како боја за 2012 година, затоа подгответе се за нејзино присуство во сите бутици. Бојата на мандарина е многу јака портокалова боја, со црвен сјај. Кога ќе дојде топлото време, облечете краток фустан, топ или бикини во оваа боја. Ако се чувствувате малку срамежливо, пробајте прво да го скршите мразот со модни додатоци во оваа боја.
Ментол
Пастелните бои ќе бидат многу застапени оваа сезона, но од оваа група бојата на ментол ќе биде најмногу во тренд. Ледената нијанса е прекрасен микс помеѓу сината и зелената. Оваа боја одговара скоро со сите бои, но најдобро изгледа во комбинација со жолта, розова или тиркизна.
Интензивна жолта
Со оваа боја на најлесен начин ќе ја победите депресијата која ја носи зимата. Интензивната жолта боја која е на работ да биде флуоресцентна, оваа пролет ќе биде една од најсмелите комбинации. Со додавање на какво било парче облека во оваа боја, вие ќе го освежите вашиот изглед и како бонус ќе направите вашата кожа да изгледа сончано.
Зелена
Зелената боја стана центар на внимание пред неколку недели на модните настани и се очекува да биде ултрапопуларна оваа пролет. Оваа светло зелена нијанса дефинитивно примамува многу погледи и одлично стои на кратки панталони, летни фустани и сандали.
Корално розова
Листата за пролетни бои никогаш не е целосна доколку во неа нема некоја нијанса на розова. Оваа сезона најпопуларна ќе биде светлата нијанса со мал сјај на портокалово. Коралната розова одлично се поклопува со облеката која сите девојки веќе ја имаат во својот плакар.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Epten mi se dopagaat !!! posebno koralno rozovata boja 😛