Жешки модни трендови за коса ова лето
Летото е во полн замав. Времето е убаво, но жештината, како и повремената влажност во воздухот, можат да предизвикаат уништување на вашата фризура која толку перфектно ја наместивте пред да излезете од дома. Репчињата и пунџите се супер избор за летно време, но можат да ви здосадат и вам и на луѓето кои често се околу вас. Земете инспирација од следниве модни трендови во секојдневното стилизирање на вашата коса.
1. Плетенки
Плетенките многу се носат на лето. И има зошто. Можат да се направат на коса со секоја должина, плус ги тргаат влакната од лицето.
Најновиот тренд сугерира носење плетенки кои имаат изглед на рибина опашка. Овие плетенки се разликуваат од класичните по тоа што наместо на три, косата што треба да се сплете, се дели на два еднакви дела. Еве како да си направите:
Но, не ограничувајте се само на вакви плетенки летово. Плетете тенки плетенки во венечниот предел, што е одлично решение за оние кои имаат подраснати шишки. Исто така, интересна опција е да извадите неколку тенки плетенчиња од внатрешниот дел на косата, кои ќе ѕиркаат одоздола, а супер изгледаат и кога се фатени во репче или во пунџа.
2. Брановидни прамени
Кадриците и брановидните прамени се секогаш „ин“ во лето бидејќи се одличен начин за прилагодување на природната текстура на косата. Со оваа фризура треба да бидете внимателни да не претерате, односно не треба да ги пренагласувате прекршувањата на косата. Впрочем, сите летни фризури треба да изгледаат едноставно, направени без жешкиот воздух од феновите и без четки.
За да направите ваква фризура, нанесете пена и спреј за заштита од сонце на тазе миена коса. Згужвајте ја косата со прстите и оставете ја сама да се исуши. Ако немате време или трпение, можете да ја исушите со фен со дифузер. Сличен ефект може да се постигне и со пегла за коса, како и со пунџички.
3. Светли прамени во друга боја
Боите се хит ова лето. Жешки розови усни, дречливи нокти и црвеникава коса, боите се насекаде по нас. Но, наместо да ја фарбате одново целата коса, извадете неколку светли прамени или тенки праменчиња во други бои. Ако имате природно темна коса, веројатно прво ќе треба да нанесете бланш, па потоа боја. Предлог: сина, виолетова, розова или црвена. Ефектот е одличен.
За да не претерате, добро е да извадите само неколку прамени за бојадисување, кои ќе ги истакнуваат линиите на вашето лице. Извадете прамени од подолниот или средниот слој на косата или пак, фатете повеќе прамени, но прошарајте ги само врвовите.
4. Пердуви и цветови
Пердувите се нов моден детаљ за во коса, додека цветовите се класичен летен додаток. Пердувите најверојатно ќе се носат и на есен, така што искористете го овој период за да се изнаносите цветни додатоци.
Пердувчињата можете да ги носите вдолж косата или пак да ставите венче од пердуви. Цветовите пак, најдобро изгледаат зад увото на пуштена коса или вметнати странично покрај пунџичка, при што природен цвет е секогаш подобар избор.Кој моден летен тренд најмногу ви се допаѓа?
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук