Женски vs. машки лаги и нивното значење
Не дека сите сме лажливци, но секој знае да каже по некоја лага. Ќе го излажете вашиот шеф на работа дека доцните бидејќи сте спасувале животно на патот, а тој вас ќе ве излаже дека нема да добиете бонус поради финансиската криза…
Повеќето од нас се „повремени“ лажливци, лажеме кога имаме потреба да се извадиме од некаква „каша“, да добиеме нешто, да се спасиме од непријатна ситуација и слично. Како и да е, најинтересни се лагите кои ги кажуваат мажите и жените кои се во брак, љубовна врска или во почетна фаза на заљубување и заведување.
Ајде малку да ги анализираме и двете страни. Не мора да значи дека следниве реченици секогаш кога се кажани се лага, но најчесто нивното значење е сосема поинакво.
Женски лаги:
- Ништо не ми е, добро сум – Сите бродови ми се потонати, но не можам да ти објаснувам и онака нема да ме разбереш.
- На попуст беше – Не беше на попуст, но навистина ми беше потребно.
- Имам главоболка – Не ми се оди нигде, не ми се разговара, не сакам да имаме секс.
- За 5 минути сум таму – За еден час со сигурност ќе бидам на договореното место.
- Твоите пријатели се супер – Убаво ми е со тебе и не сакам да го уништам тоа што го имаме објаснувајќи ти зошто твојот пријател ми оди по нерви.
- Се разбира дека немам ништо против вечерва да гледаш фудбал со другарите – И тоа како сум против, но ќе го чувам како бонус карта кога мене ќе ми треба нешто.
- Не сум гладна – Не сакам да видиш како дрчно го јадам хамбургерот во оваа почетна фаза, во твоите очи сакам да бидам вистинска дама.
- Го купив на распродажба – Всушност имаше редовна цена и ме чинеше цело богатство, но тоа беше навистина добра инвестиција… секако дека твојот машки мозок тоа не би го разбрал.
- Не сум ти лута – Премногу сум ти лута, толку многу што ова има да ти го извадам низ нос при првата прилика што ќе ја имам.
- Ова не ми е ново, го имам со години – Го купив вчера, но не можам повторно да ти се правдам зошто трошам толку пари.
- Не знам каде е, не сум го ни допрела – Го преместив негде додека се трудев да ставам крај на твојата неуредност, но не знам ниту сакам да размислувам каде сум го ставила.
- Извини, заборавив да ти се јавам – Здодевен си, олабави.
- Не го слушнав телефонот – Не му обрнав внимание на телефонот кога ѕвонеше.
- Те сакам – Убаво ми е со тебе, имам пеперутки во стомакот, со тебе го имам она што ми е потребно во моментов.
Машки лаги:
- Не испив толку – Испив дупло повеќе отколку што тебе може да ти падне на памет.
- Заглавив во сообраќајот – Имав поважна работа и не ми се брзаше.
- Не, не си здебелена – Си накачила некое килце, но ако ти го кажам тоа ќе биде Трета светска војна и никогаш нема да сфатиш дека мене и така си ми убава.
- Немав мрежа на телефонот – Не бев расположен да правам муабет со тебе.
- Не можам да преноќам кај тебе, имам состанок рано наутро – Се плашам дека преноќувањето би нè одвело на ново ниво во нашата врска.
- Многу си убава – Ме привлекуваш и сакам да имам секс со тебе.
- Сакам да се средам – Смачено ми е постојано да бркам девојки за да имам секс, едноставно сакам да знам дека секогаш можам да го имам тоа со тебе.
- Ќе ти се јавам – Ќе ти се јавам кога повторно ќе те посакувам.
- Ти си вистинската за мене – Во овој период ти си ми на прво место.
- Не сакам само секс, сакам да сум блиску до тебе – Сакам да сум блиску до тебе, за да можам да добијам секс кога ќе посакам.
- Во целибат сум веќе неколку месеци – Никако не успевам да „легнам“ некоја.
- Те сакам – Слатка си и многу си ми мила, убаво ми е со тебе и го добивам она што го сакам.
Не го сфаќајте ова премногу буквално, некогаш лагите се кажуваат за да ја направат реалноста послатка. Секој лаже и не е ништо страшно ако зад тоа „Те сакам“ стои и по некое скриено значење. Добро е сè додека знаеме да разликуваме мала лага од целосно блефирање.
Можеби би сакале да споделите и вие со нас некоја од најчестите лаги кои ги кажуваат мажите и жените, или можеби ваше толкување на горенаведените?
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
“Те сакам” , не би рекла дека е лага, доколку се изговара тоа, тоа се мисли искрено. Поздрав 🙂
Не знам од каде ги вадите глупостиве, врска немаат.