Женски очекувања: Каков треба да биде совршениот маж?
Најновото истражување покажува дека она што жените го бараат кај еден маж, се менува со текот на годините, па така совршениот маж постои, но е различен во различни периоди од животот.
„Ова е најприродна работа. Како што жената созрева, нејзиниот вкус, кога станува збор за мажите, се менува, па така таа трага по мажот кој може да ги исполни нејзините очекувања. Во младоста изгледот е на првото место, но со текот на годините жените бараат маж за подлабок однос, заснован на заеднички искуства и очекувања“ – вели клиничкиот психолог Сесила Д’фелис.
Па така според истражувањето спроведено на веб-сајтот „Match“, се покажало дека жените во различни периоди од животот трагаат по различен партнер.
Помеѓу 18 и 24 години
Во овој период од животот, девојките бараат машко на кое ќе му завидуваат пријателките. Дури на 47% од девојките на оваа возраст им е важно нивното друштво да го одобри партнерот. Во тие години на девојките им е важно, партнерот да изгледа добро и да имаат сличен вкус за музика, филмови и книги.
Помеѓу 25 и 34 години
Во овој период жените почнуваат да градат кариера, па така тие почнуваат на потенцијалните партнери да гледаат поинаку. Тие бараат партнер со слични амбиции, со кој можат да прават долгорочни планови. Меѓутоа физичкиот изглед и сексуалната компатибилност и понатаму остануваат на врвот на листата.
Помеѓу 35 и 44 години
Во овие години жените почнуваат да посакуваат малку постари мажи. Дури 73% одговориле дека во овие години сакаат постар маж, искусен љубовник, но и човек со богато животно искуство, кој може да им пружи сигурност и доверба.
Помеѓу 45 и 54 години
На оваа возраст жените најлесно се одлучуваат за врска со помлад маж. Како што пишуваат „Daily Mail“, дури 54% од жените во оваа старосна група немаат ништо против да се впуштат во врска со помлад маж, дури и разликата да е повеќе од 5 години. Во овој период од животот, жените се најчесто задоволни со кариерата, сигурни во себе и можат да се впуштат во експериментирање и препуштање на страстите.
После 55 години
Во овој период од животот жените бараат партнер со кого споделуваат сличен вкус за хумор, бараат интелигентен и романтичен маж, чии животни вредности се во склад со нејзините. Во овие години жените знаат што сакаат, а што не.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Milan i Sime
Hahahah 😀 Budalo edna ..
e znaci nie zenite kje gi menuvame mazite od period do period?!E pa toa zavisi i do zenata,inaku postojat i zeni koi ke ostanat so eden maz do krajot na zivotot i koi nema da imaat strogi baranja zaradi okolinata i drustvoto,e tie zeni baraat maz koj ke gi pocituva saka i im pomaga vo rabotata sto ja vrsat zenite(cuvanje dete,pomagnaje vo kujna i dr)a i istite mazi da baraat takvi zeni.A zena sto ke gi menuva mazite od period vo period ocigledno ne znae sto saka.
Se zboruva za single zeni (nemazeni, razvedeni, vdovici), a ne da gi menuvame.