Женската чанта содржи повеќе бактерии од тоалет?

Женската чанта содржи повеќе бактерии од тоалет?

Женските чанти содржат повеќе бактерии од еден просечен тоалет, а највалкан предмет во неа е помадата за раце, на која има повеќе бактерии одошто има на веце школката, открива новото истражување на стручњаците од институтот „Initial Washroom Hygiene“. Истражувањето покажало дека рачката на секоја петта женска чанта, има доволно бактерии за да претставува закана по здравјето. За карминот и маскарата резултатите се малку подобри.Женската чанта содржи повеќе бактерии од тоалет?Најмногу бактерии има на кожните торби бидејќи сунѓерестата текстура на кожата е совршена за развој и размножување на бактериите. На жените им се препорачува редовно да ги мијат рацете со влажни марамчиња или дезинфекциски гел, за да се спречи некаква зараза од бактериите.

Питер Барат, менаџер од Initial Hygiene, истакнува дека чантите доаѓаат во редовен контакт со нашите раце и низа други површини, па ризикот за пренесување разни причинители на болести е многу висок, особено со оглед на фактот дека чантите не се чистат редовно.(2) zhenskata chanta sodrzhi povekje bakterii od toaletИнаку, ова истражување е спроведено последователно по друго истражување, кое покажало дека работните површини во кујната се толку многу валкани, што можат да предизвикаат сериозни болести, како епидемии и гастро-цревни болести, како резултат на опасно високите количества од колиформната бактерија (присутна во фекалиите).

Исто така, повеќе од четвртина од испитаните тацни за сушење садови, имале четири пати поголемо присуство на колиформни бактерии од безбедното. Истото истражување открило дека рачките од фрижидерите како и рачките и копчињата на микробрановата печка, се полни со бактерии над безбедносната граница.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар