Жените во лоша врска не помнат зло – тие страдаат!

Жените во лоша врска не помнат зло – тие страдаат!

Нешто недостига во односот на партнерите во денешните врски. Жените не се отвораат затоа што мажите не им го даваат тоа што им е потребно, а мажите не можат да допрат до жените. Тие се чувствуваат разочарано и не помнат зло, туку страдаат. Кога жените патат и кога се чувствуваат како да се невидливи, тие се затвораат. Можете да научите како да допрете до вашата жена.

Жените во лоша врска не помнат зло – тие страдаат!

Што им е потребно на жените?

Тие не сакаат совршен партнер, туку маж кој ќе настојува да биде најдобрата верзија од себеси. Тие не посакуваат некој што го има испланирано целиот свој живот туку сакаат некој што има цели во неговиот живот. Сакаат некој што ќе биде храбар да плаче пред својата девојка/сопруга кога е тоа потребно и кој има доволно храброст да се соочи со своите емоционални демони.

Сакаат да се чувствуваат сакано

Кога се чувствуваат сакано, тие се опуштени и отворени. Расправиите исчезнуваат, има нежност во изобилие, а нивната топла женска енергија тече низ нивните животи.

Чувството на недоволно сакање е извор на секоја караница во врската. Ако таа е несреќна поради тоа што излегувате со пријателите или е вознемирена поради случувањата на работа, причина за тоа е што таа не се чувствува сакано. Научете да читате од нејзините зборови, дела и расположенија и ќе разберете кој е вистинскиот корен над сето тоа.

Сакаат да се чувствуваат сигурно

Постои борба што се води за женската самодоверба, сексуалност и сигурност уште од многу рана возраст. Жените мора да имаат сигурен простор каде што ќе чувствуваат дека можат да им веруваат на нивните партнери. Таа сака да верува во силата на нејзиниот партнер. Сака да почувствува дека тој може да се носи со сè што ќе му се покаже. Не сака да ѝ се суди доколку побара од него нешто невообичаено. Сака да биде сигурна дека нема да доживее пораз доколку ви каже да направите нешто на нејзин начин. Кога ќе го создадете тој сигурен простор за вашата партнерка, таа ќе ви се отвори емоционално, а вие ќе ѝ дадете многу моќен дар – ќе ѝ дозволите да расте и да ја избрише старата емоционална штета.

Сакаат да се чувствуваат забележано

Тие сакаат да бидат забележани. Сакаат да почувствуваат дека сте ги слушнале и дека сте свесни за нивната емоционална состојба. Ако седите во иста просторија, а не можете да забележите дека таа пати и дека е на работ на солзи, тогаш таа ќе почне помалку да ви верува. Ќе помисли: „Ако тој не може да види дека патам, колку долго ќе му треба за тоа да го сфати? Дали ќе поминат неколку дена или неколку недели пред тој да стане свесен или дали воопшто му е важно и ќе сака да ми помогне да го надминам ова? Мислам дека мора да се потпрам самата на себе и да си дадам емоционална поддршка.“

Животот може да изгледа многу осамен дури и во внатрешните односи. Мора да му покажувате на вашиот партнер дека постои барем една личност која ќе биде нејзин сведок и поддршка во животот. Напомена: Таа личност е самата таа.

Сакаат да се грижат за вас

Баш како што машката енергија има потреба да заштитува, женската енергија сака да негува. Жените сакаат да ги видат пукнатините на оклопот. Сакаат да се уверат дека може да им се верува. Сакаат да имаат можност да помогнат кога партнерот е тажен.

Интегриран, развиен маж кај кои машката и женската енергија се урамнотежени, ќе ја поздрави негата и грижата на својата партнерка. Ако сте маж и го читате ова, дали некогаш сте ѝ ја држеле вратата на некоја жена затоа што тоа е џентлменски, а таа на тоа бесно одговорила: „Ох, што? Не можам да си ја отворам врата сама затоа што сум жена? Ти си сексистичка свиња!“

Ова е пример на ранета и неурамнотежена жена која не сака да прифати помош од машки извор. Токму така ќе се чувствува вашата партнерка доколку ја отфрлите кога ќе се чувствувате најранливи. Дозволете ѝ да ви се приближи затоа што сака да ве љуби.

Сакаат да почувствуваат дека можат да се потпрат на вас

Животот понекогаш е хаотичен. Кога ќе се појават неизбежните животни потешкотии, ќе паднете под притисок или имате можност да се прилагодите? Жените сакаат да знаат дека нивниот партнер може да се носи со сè што ќе донесе животот. Сакаат да знаат дека нема да побегнете кога ќе бидат премногу емотивни.

Кога ќе ѝ кажете на вашата партнерка дека ќе направите нешто, а тоа нема да го направите, тоа е боли. Таа ја губи довербата во вас која мора повторно да ја заслужите. Дури и наизглед малите нешта ја уништуваат довербата, на пример, како кога ќе кажете дека ќе ги измиете садовите веднаш после вечерата, но наместо тоа ги миете следното утро. Кога ќе се соберат такви мали „престапи“ таа повеќе нема да ви верува. Правете го она што сте рекле дека ќе го направите, бидете истата личност која сте биле и бидете доследни на своите постапки.

Сакаат да бидат почитувани

Женската енергија во сите луѓе пред сè реагира на пофалба и благодарност. Вашата партнерка треба да биде потсетена колку ја сакате. Кажете ѝ дека го цените она што таа го носи во вашиот живот. Покажете ѝ колку ви значи.

Најбрз начин да го расипете вашиот однос е да го игнорирате партнерот и сè да земате „здраво за готово“. Благодарноста е спротивност на тие работи. Благодарноста го поттикнува ова размислување: „Јас сум свесен/на што носиш во мојот живот и сакам да бидам сигурен/на дека и ти си свесен/на за тоа.“ Кажувајте ѝ го често она што го цените кај неа.

Дознајте и како да ѝ покажете на вашата партнерка дека ја сакате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар