Жените се нежни, но истовремено и силни!
Жените имаат силни раце и нежно срце, секогаш отворени уши за да ги слушаат другите и тело кое во секое време е спремно да подари прегратки. Жената носи удобност и љубов, утеха и безбедност. И покрај сѐ, успеваат да ги насмевнат другите луѓе, и познати и непознати. Тие веруваат дека светот е убав дури и кога искусуваат болка, страв, разочарување и скршено срце. Најважното нешто за нив е што не ја губат надежта и секогаш ги чекаат сончевите зраци зад облаците.
Жените го држат во раце своето меко и топло срце, давајќи им можност на другите да го допрат и да ја почувствуваат неговата убавина. Тие се нежни, полни со трпение и доверба. Се грижат затоа што рамнодушноста им носи само болка, а не знаат за малку љубов, за студенило и оддалеченост. Жените имаат големо срце и не се плашат тоа да го искажат. Но, истовремено се и силни. Нивното тело успева да танцува, нивната смеа флертува со ветрот и гласот им се губи низ облаците. Тие сакаат страсно, но не и наивно. Се грижат, но секогаш внимаваат да не се повредат самите. Тие не дозволуваат другите да ги искористуваат и прават решителни чекори во својот живот. Умеат да го подигнат својот глас, но и да застанат пред крстопатот и мудро да размислат за своите одлуки. Не затоа што се слаби или исплашени, туку затоа што сакаат да направат разумен чекор во својот живот.
Тие секојдневно избираат да бидат свои и да веруваат во себе. Понекогаш се тврдоглави и диви, но и нежни и внимателни. Тие ја покажуваат својата храброст, но и својата ранливост, а истовремено се и комбинација на глас и тишина, светлина и темнина. Жените секогаш се борат, учат како да живеат и целосно да уживаат во новиот ден и покрај сѐ што им се случува во животот.