Жените потврдуваат: Златна маска од Индија за која е доволен само еден третман да се случи чудо

Жените потврдуваат: Златна маска од Индија за која е доволен само еден третман да се случи чудо

Дури 90 проценти од корисниците се одушевија од оваа маска за лице! Дали е потребно да ви кажеме уште нешто? На пазарот има многу малку козметички производи кои имаат олку високи препораки и оцени од 4,5 до 5. Дали на вашата кожа би ставиле ваков производ, знаејќи дека е потполно природен и сигурен?

Станува збор за маската која му дава сјај на вашето лице и пофалена е за различни состојби на кожата, а најдобро делува за избелување на дамките и отстранувањето на акните со кои се мачат многумина. Уште по првата примена корисниците забележале подобар изглед на својот тен.

1-duri-90-od-zhenite-koi-ja-isprobale-zlatnata-maska-od-indija-velat-deka-e-dovolen-samo-eden-tretman-za-da-se-sluchi-chudo-www.kafepauza.mk_

Главната состојка на оваа маска е најздравиот зачин на светот – куркума

Куркумата се користи илјада години како третман за убавина во Индија. Традиционалниот обред за разубавување на невестите со куркума се нарекува „халди“. Тој подразбира премачкување на деловите на телото на невестата со паста од куркума пред венчавката за нејзината кожа да добие прекрасен сјај. Одамна, кога Римјаните слушнале за волшепствата на куркумата за убавината, побарале да се достави во Рим и наскоро станала најважен третман во убавината на Римјанките.

Основните состојки на маската се куркума и јогурт, но во зависност од типот на кожата можете да додадете и мед, свежо цедени сокови, различни билни масла, алое вера или брашно со цели житарки. Ако ве загрижува жолтилото по нанесувањето на маската, немојте да се грижите, бидејќи со правилна употреба нема да го има.

Следат 3 начини на кои можете да ја подготвите златната маска во зависност од типот на кожата

3-duri-90-od-zhenite-koi-ja-isprobale-zlatnata-maska-od-indija-velat-deka-e-dovolen-samo-eden-tretman-za-da-se-sluchi-chudo-www.kafepauza.mk_

Маска за нормална, мешана и кожа со хиперпигментација

Потребни состојки:
  • Половина лажичка куркума
  • Една лажичка јогурт
  • Неколку капки лимонов сок
Начин на подготовка:

Измешајте ги сите состојки и нанесете ги на исчистено лице. Оставете ја маската да делува половина час, а потоа измијте ја. Можете да ја нанесете со подебела четка, доколку не сакате рацете да ви станат жолти. Не грижете се дури и да се случи тоа, бидејќи бојата се измива со вода и сапун.

Маска за масна и проблематична кожа

Потребни состојки:
  • Половина лажичка куркума
  • Половина лажичка црн мед
  • Неколку капки гел од алое вера
  • Една лажичка сурутка или јогурт
Начин на подготовка:

Измешајте ги сите состојки и нанесете ја на исчистено лице. Оставете ја маската да делува половина час, а потоа измијте ја.

Маска за сува и зрела кожа

Потребни состојки:
  • Половина лажичка куркума
  • Лажичка јогурт
  • Половина лажичка масло по желба (арганово, кокосово, маслиново…)
Начин на подготовка:

Измешајте ги сите состојки и нанесете ги на исчистено лице. Оставете ја маската да делува половина час, а потоа измијте ја.

2-duri-90-od-zhenite-koi-ja-isprobale-zlatnata-maska-od-indija-velat-deka-e-dovolen-samo-eden-tretman-za-da-se-sluchi-chudo-www.kafepauza.mk_

Доколку ви остане малку маска, можете да ја чувате во фрижидер до следната употреба.

Оваа маска е препорачливо да ја користите на секои 3 дена, кај проблематичната кожа и хиперпигментацијата почесто. Млечните производи во маските помагаат при полесното испарување на жолтата боја од кожата, а лицето е потребно да го измиете со топла вода, тоник или сапун.

Напомена: Смесата со куркума користете ја навечер, бидејќи ја прави кожата чувствителна на сонце. Иако куркумата е сигурна за употреба на кожата, поднесливоста на сместа најпрво проверете ја на помалку видлив дел од кожата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар