Жените имаат поголема контрола над ракот на дојката отколку што мислите

Жените имаат поголема контрола над ракот на дојката отколку што мислите

Дојките се дел од идентитетот и здравјето на една жена, а ракот на дојка може да биде застрашувачки. Според радиологот Маргарет Куомо, жените имаат поголема контрола над ракот отколку што мислат. Сѐ што правиме во текот на денот, од будењето па сѐ до исхраната и вежбањето, влијае врз генетиката. Ризикот од разните карциноми, вклучувајќи го и ракот на дојка, може да се намали со здравиот начин на живот. Преземањето одредени мерки може да ги намали шансите за појава на болеста, а ова се некои од нив.

Жените имаат поголема контрола над ракот на дојката отколку што мислите

Проверете колку се цврсти вашите гради

Проучете дали имате цврсти дојки, бидејќи и тоа е еден од најновите начини на заштита. Доколку имате повеќе ткиво во градите, што е чест случај кај помладите жени, карциномот тешко се наоѓа на мамографот бидејќи и ткивото и туморот изгледаат бело, додека маснотиите се темни. Ако имате цврсти гради, ризикот за рак е зголемен за шест пати. Дури и ако градите не ви се цврсти, строго се препорачува редовен годишен преглед. Цврстината се намалува со текот на времето, но за да бидете целосно сигурни може да побарате направите магнетна резонанца или ултразвук. Исто така, може да се префрлите и од традиционалната мамографија на дигиталната.

Движете се

Вежбањето штити од рак на дојка на повеќе начини. Пред сѐ, тоа помага во контролирањето на тежината. Едно истражување покажало дека жените над 18 години кои имаат 10 до 15 вишок килограми имаат 40% поголема шанса да развијат рак на дојка. Да се заштитите од карциномот се препорачува 150 минути вежбање месечно.

Историја на болести во вашето семејство

Околу 5 до 10% од сите карциноми, вклучувајќи го ракот на дојката, се наследни, а се пренесуваат од една генерација на друга преку мутирани гени. Мажите, исто така, можат да носат во себе мутирани гени кои предизвикуваат и рак на јајници кај жените, рак на панкреас кај мажите и жените, како и ран карцином на простата и тестиси кај мажите. Доколку сте скептични, побарајте помош од експерти за генетика.

Избегнувајте непотребни прегледи

Колку и да звучи иронично, сепак е така. Мамографите се основен начин за проверување на рак на дојката, а јонизирачкото зрачење, кое е дел од тестот, е фактор за појава на болеста. Тоа не значи дека треба да го откажете мамографот, само бидете внимателни.

Следно, прочитајте зошто е важна раната детекција на ракот на дојка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар