Жената која се сака себеси ги има овие навики!

Жената која се сака себеси ги има овие навики!

Нашето тело е темелот на нашето постоење. Ако телото не е како што треба, не е ни душата. Жената која постојано го критикува своето тело не се цени себеси. Доколку пак, го сакате телото такво какво што е, постојано го негувате, го унапредувате и почитувате, тоа ќе ви ја возврати таа љубов со добро здравје.

Жената која се сака себеси ги има овие навики!

Добрите навики за спиење се неопходни за убавина којашто е во склад со умот и душата. Недостатокот од сон води до уништување на физичката убавина, хормонално нарушување, анксиозност, раздразливост и депресија. Да не ги спомнуваме брчките и подочниците. Затоа, ценете се себеси – легнувајте си навреме!

Кога ќе почувствувате замор – одморајте се. Не глумете херој и не се обидувајте да бидете човек кој е добар само за другите. Несоодветниот одмор според потребите доведува до неспособност да се направи нешто важно, а исто така и до раздразливост, депресија, како и до прекумерна тежина. Затоа ценете се себеси – одморајте се редовно!

Вкусните и здрави јадења се многу важни. Не за џабе се вели: „Она што го јадеш, тоа и си“. Жената која се сака себеси никогаш нема да изеде нешто штетно и нездраво. Таа кон своето тело се однесува како грижлив родител кон своето дете. Затоа, ценете се себеси – исхранувајте се здраво и вкусно!

Ако сакате да вежбате – правете го тоа. Запишете се во теретана или одберете ја вашата омилена патека за трчање. Но, покрај ова, секој ден одвојувајте по 20 минути за релаксација и прошетка во природа. На телото му е потребно движење. Кога не се движи, тоа се уништува. Но, имајте на ум дека и прекумерното движење исто така може да го уништи телото. Најдете го балансот. Движењето ќе го согори она што сте го изеле и ќе ви донесе радост во телото и душата. Движењето значи живот. Дури и кога сте тажни, депримирани, исцрпени… Затоа, ценете се себеси и редовно движете се!

Негата на своето тело не подразбира маникир еднаш годишно, туку континуирана грижа за себе. Не заради партнерот или околината, туку заради себе. Затоа, ценете се себеси – секогаш водете грижа за своето тело!

Сексот по волја е многу важен. Да, по ваша волја! Не затоа што сексот е вечерва на вашиот заеднички распоред или затоа што вашиот партнер тоа го сака баш сега, туку затоа што вие сакате. Само така вистински ќе се задоволите и себеси и партнерот. Затоа, ценете се себеси – сакајте го своето тело и не форсирајте го на нешто што не е во склад со вашите желби и потреби!

Сите имаме недостатоци и сите понекогаш се критикуваме себеси, и за она што го правиме и за начинот на кој изгледаме. Тешко е човек да се сака себеси, ако прво не може да се прифати. Но прифаќањето не значи помирување со моменталната состојба на нашето тело дури и ако тоа не е во најдобра форма. Прифаќањето е само првиот неопходен чекор за да ја направиме онаа промена во нашиот живот, којашто ќе ни помогне да се сакаме уште повеќе и да живееме поздраво.

Прочитајте и кои работи секоја жена мора да ги направи за себе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар