Желатин – природна состојка за борба против болката во зглобовите!

Желатин – природна состојка за борба против болката во зглобовите!

Луѓето кои редовно се занимаваат со спортски активности или седат подолго време на работното место, како и постарите личности, може да чувствуваат болка во зглобовите, нозете, грбот и вратот. Во тие случаи тие најчесто земаат разни аналгетици кои моментално ја олеснуваат болката, но најчесто не се долготрајно решение за проблемот.

Во тие случаи, проблемот е во „подмачкувањето“ на зглобовите. Поедноставно кажано, ако вашите зглобови не се подмачкуваат доволно, тогаш доаѓа до претерано триење и вкочанетост помеѓу коските и ‘рскавицата, а како резултат на тоа се јавува болка. За да ја олеснете или спречите болката, постои еден природен, едноставен и евтин лек кој може да ви помогне во подмачкувањето на зглобовите и ‘рбетот, а станува збор за желатинот.

Зошто желатинот?

Желатинот е природен производ кој најчесто се добива од преработка на тетивите, коските, ‘рскавиците и слоевите на кожата на говедата. Освен тоа што може да се купи во маркетите како состојка за домашни слатки, исто така, може да се најде во многу готови производи, а меѓу најпознатите се гумените бонбони (погледнете го пакувањето за да видите дали се работи за желатин од животинско потекло, а не растително).

Но, додека честата консумација на гумени бонбони и не е препорачлива поради големата количина шеќер, чистиот желатин може да има одлично влијание на организмот. Тој се состои од две аминокиселини: пролин и хидросипролин. Токму тие две аминокиселини помагаат во зајакнувањето, односно за дравувањето на сврзното ткиво во случај на повреда.

Секако е занимливо да се спомне и тоа дека желатинот помага во зајакнувањето и на мускулното ткиво, па така и на најважниот мускул во човечкото тело – срцето. Желатинот им дава еластичност на тетивите и лигаментите, го спречува развојот на остеопороза и артритис. Исто така, помага во одржувањето и подобрувањето на менталните способности, го регулира метаболизмот, одлично делува на обновувањето и еластичноста на кожата, косата и ноктите.

Како да се консумира?

Желатинот треба да се консумира еднаш на ден, барем месец дена, кога поголемиот дел од луѓето би требало да започнат да чувствуваат подобрување, односно намалување на болката во зглобовите, мускулите и така натаму. Во принцип, нема ограничување во временскиот период во кој се консумира желатинот, со оглед на тоа дека станува збор за природно хранлива состојка, но сепак се препорачува консумација во текот на шест недели, а потоа може да се направи пауза од четири до шест месеци.

Факт е дека желатинот во својот првобитен облик, без додатоци, нема пријатен мирис и вкус. Но, секако може да се комбинира со здрави намирници, како што се јогуртот, медот, овошните сокови и така натаму.

3-zhelatin-prirodna-sostojka-vo-borbata-protiv-bolkata-vo-zglobovite-www.kafepauza.mk_

Основниот рецепт е:

  • 5 грама желатин во прав – две рамни лажички
  • 60 милилитри ладна вода

Во фрижидер оставете го желатинот за да набабри преку ноќ, а наутро промешајте го и испијте го на празен желудник.

Може и да испробате да зготвите супа/желе од коски и ‘рскавици (секако, би било најдобро да купите коски од домашно одгледани животни) која исто така е одличен начин за внесување желатин во телото.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар