Зголемете ја сексуалната привлечност: 5 трикови за да натерате некого да се затреска во вас
Сексуалната привлечност е нешто што или го има од почетокот или воопшто го нема. Но, според некои научници, таа може да се зголеми, како и да се намали. Погледнете како.
1. Носот е важен во предиграта
Според едно истражување од фондацијата „Smell and Taste Research“ од Чикаго, научниците откриле дека мажите за време на предиграта се возбудуваат од комбинацијата на мириси на лаванда и тиква, а жените на комбинација од краставици и сладунец. Овие ароми во вид на мирисни свеќи и бум – добивате совршена предигра.
2. Црвената е моќна боја
Жени, ако сакате да ве поканат на состанок, тогаш носете црвено. Според „Journal of Personality and Social Psychology“ момците се под влијание на културни симболи како што е Св. Валентин. Затоа тие ја поврзуваат оваа боја со романтика и секс.
3. Пијаните очила навистина постојат
Според „Journal of Psychopharmacology“, кога ќе се напиеме чаша–две повеќе, лицата на луѓето од спротивниот пол ни изгледаат многу попривлечно. Ова е така бидејќи под дејство на алкохол, мозокот не ги забележува асиметриите на лицето. Симетричните лица еволутивно повеќе нѐ привлекуваат затоа што асиметричните укажуваат на можност за генетски дефекти.
4. Вкусот за мажи се менува според периодот од циклусот во кој се наоѓа жената
„Nature Јournal“ открива дека кога овулираат, жените повеќе се загледуваат во силни мажи со нагласени мускули затоа што сметаат дека со нив би имале силни и здрави деца. Наспроти тоа, за време на месечниот циклус, жените се повеќе заинтересирани за момци со нежни телесни карактеристики, затоа што во таквиот период нив им е потребна љубов и поддршка.
5. Стресот ја поттикнува сексуалната привлечност
Под стресни околности и при зголемено излачување на адреналин се засилува сексуалната привлечност меѓу половите. Според „Journal of Personality and Social Psychology“ една иста жена би поканила на состанок повеќе мажи кои ризикувале со неа, одошто такви кои до неа стигнале „по сигурен пат“.