Зголемете ја самодовербата преку овие утрински позитивни мисли!
Една од најефикасните начини на ментална подготовка за предизвиците што ни претстојат во текот на денот се утринските мисли. Дали некогаш сте посакале да направите голема промена во вашиот живот? Навечер заспивате велејќи си себеси дека утре ќе биде поинаку и дека токму утре ќе започне вашиот нов живот.
Сепак, наредниот ден ништо не оди како што очекувавте. Тоа е резултат на фактот дека не сте ментално подготвени да го промените вашиот живот. Во продолжение прочитајте како да го започнете денот со позитивни мисли кои ќе ви помогнат да ја постигнете посакуваната промена во животот.
1. Проблемите се тука да ми укажат на моите силни страни.
2. Сакам промени и лесно се прилагодувам на новите ситуации.
3. Секој ден носи можности за убави работи.
4. Поседувам сè што ми треба за да имам убав ден.
5. Среќен/а и задоволен/а сум со мојот живот.
6. Секој ден станувам сè подобар/а.
7. Се движам во вистинската насока за остварување на мојата цел.
8. Верувам во сопствените способности преку кои можам да го променам мојот живот.
9. Полн/а сум со самодоверба.
10. Предизвиците ми помагаат да се развивам како личност.
11. Ќе успеам да ја остварам целта со тоа што ќе пронајдам луѓе кои ќе ми помогнат.
12. Знам дека позитивниот став може да доведе до успех.
13. Ќе ги насочам моите мисли кон резултатите што сакам да ги постигнам.
14. Секогаш го гледам доброто во другите, но и во себе.
15. Креативноста и издржливоста се моите најсилни особини.
16. Се сакам себеси.
17. Сите мои проблеми имаат решенија.
18. Моето минато не смее да влијае врз мојата иднина.
19. Сè се одвива според планот.
20. Ќе ги надминам сите пречки за да го создадам мојот живот од соништата.
21. Никој не е подобар/а од мене.
22. Напорната работа за мене претставува поголем поттик да продолжам да се борам сè додека не дојдам до целта.
23. Денес сум полн/а со енергија за нови предизвици.
Откако ги прочитавте нашите совети за како најдобро да го започнете денот со позитивни мисли, можеби ќе сакате да прочитате и како секое утро да се будите смирени и полни со енергија.
Извор: themindsjournal.com