Зен навики за смирен ум
Автор: Зорица Тодорова
Што можете да направите кога вашата работа или личен живот се постојан извор на постојана зафатеност, брзање, претрупаност со обврски и стрес? Или пак, животот ви е едноставен и релативно мирен, но нешто се случува и одеднаш се наоѓате во состојба на хаос? Она што треба да го научите е да пуштите работите да се одвиваат сами по себе и да почнете да применувате тактики кои ќе ви помогнат да останете смирени во секаква ситуација.
Научете ја уметноста на пуштањето
1. Откријте зошто сте под стрес. Кој настан од околината ве оптоварува? Зошто ви предизвикува стрес? Од што се плашите?
2. Откријте што е тоа што не сакате да го пуштите. Ако имате некаков страв, тогаш тоа е бидејќи цврсто држите до нешто кое не сакате да го пуштите. Веројатно имате некаква фантазија или идеал, или пак сакате да имате контрола врз нешто, сакате резултатот да биде онаков каков што сте си замислиле. Ако постојано си велите „Не требаше да биде вака“, тогаш сте опседнати со вашите очекувања.
3. Сфатете дека тоа не е вистинско. Оваа фантазија, овие очекувања, ова посакување да ги контролирате работите… сето тоа постои само во вашата глава. Да бидеме фер, сите го правиме тоа. Но тоа не е вистинско и може да се заборави со малку труд.
4. Разберете дека тоа ве повредува. Работата која сте ја замислиле ве загрижува и поради тоа сте под стрес, што од своја страна ви го скратува животот и не можете да уживате во целост. Сето ова предизвикува само болка. Колку побрзо го сфатите ова, толку подобро.
5. Пуштете го. Зошто да држите до нешто кое само ви предизвикува стрес и болка? Не вреди. Кога ќе решите да го пуштите да се одвива само по себе, ја ослободувате болката од вас и ви останува да се сконцентрирате на другите важни работи во животот.