Зелено нашминкани очи како за на црвен тепих

Зелено нашминкани очи како за на црвен тепих

Многумина од нас немаат можност да посетуваат професионален мејкап артист секој ден. Во најдобар случај, си дозволуваме скапа и професионална шминка за свадби, крштевки, важни јавни настапи и слични посебни прилики. Но, тоа не значи дека со малку труд не би можеле и самите да се нашминкаме професионално.

Овој изглед е инспириран од познатите личности кои газат по црвениот тепих и е апсолутен хит во моментов. Следејќи го упатството и сликите, брзо и лесно ќе го добиете овој изглед, а единствен предуслов е само да вложите во квалитетна шминка која нема штетно влијание врз вашата кожа, а изгледа многу подобро од евтините козметички продукти.Зелено нашминкани очи како за на црвен тепих1. Нанесете сенка со кожа боја на целиот капак како основа.

2. Со зелено моливче или со тенка четкичка на која имате нанесено зелена сенка исцртајте линија од крајот на окото кон внатрешноста како на сликата.

3. Ќошето исполнете го со потемна нијанса на зелена.

4. Додадете средна нијанса на зелена сенка од аголот кон средината на капакот и измешајте ги боите за да се прелеваат.

5. Земете светлосина сенка и ставете точно врз внатрешниот агол на окото, и продолжете накај средната нијанса на зелена.

6. Со коса четкичка нанесете црна сенка врз линијата која ја исцртавте со зелено во облик на мачкино око. Измешајте ја со зелената на рабовите.

7. Нанесете светлосина на долниот капак и продолжете со средна нијанса на зелена. Ставете црна сенка на надворешниот агол и повлечете кон средината на долниот капак.

8. Додадете малку жолта сенка на средината на горниот капак. Повлечете тенка линија со црн туш по целата должина на горниот капак.

9. Завршете со додавање на два слоја маскара.Зелено нашминкани очи како за на црвен тепих


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар