Зелен оброк во чаша кој ќе ве ослободи од мастите

Зелен оброк во чаша кој ќе ве ослободи од мастите

Нездравата исхрана и недоволното движење се двата најголеми причинители поради кои во нашето тело се таложат маснотиите. Во текот на денот не се согоруваат калориите, па вишокот се претвора во масно ткиво кое се таложи најмногу околу стомакот. Прв чекор во ослободувањето од вишокот е каков било тип на движење и вежбање, а вториот е промена на навиките во исхраната. Токму овој коктел може да ви помогне да се ослободите од маснотиите во телото.

Зелен оброк во чаша кој ќе ве ослободи од мастите

Ѓумбирот е еден од најсилните активатори за забрзување на метаболизмот. Оваа билка служи како поттикнувач на процесот со кој телото ги согорува вишокот калории и ги претвора во топлина. Јаболковиот оцет во комбинација со медот ги мобилизира маснотиите наталожени во организмот. Авокадото обилува со моно-незаситени масти кои не се таложат во салото, за разлика од заситените масти. Ова овошје создава чувство на ситост. Магдоносот и нането имаат детоксикациско дејство.

Со помош на овој коктел ќе го исчистите телото од токсини и ќе ги намалите килограмите.

Потребни состојки:
  • 1 лажица јаболков оцет
  • 1 лажица свежо рендан ѓумбир
  • 1 чешне лук
  • ½ авокадо
  • 30 г свеж спанаќ
  • 1 лажица мед
  • 1 шака нане и магдонос
  • ½ чаша млака вода
Начин на подготовка:

Авокадото исчистете го и исечете го на коцки, додека спанаќот, магданосот и нането, убаво измијте ги и исушете ги. Во блендер ставете ги авокадото, спанаќот, нането, магданосот, оцетот, водата и лукот, а потоа убаво измиксајте ги. На крај додадете ги медот и ѓумбирот и повторно убаво измешајте. Коктелот пијте го на празен стомак наутро и после секој мрсен оброк.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар