Зелен чај и мед како спас од акни
Многу жени се соочуваат со проблемот познат како акни, барем еднаш во нивниот живот. Токму затоа и сите се во постојана потрага по нови продукти што можат да им помогнат во битката против акните. Токму затоа и постојат многу препарати, но голем дел од нив можат да имаат и несакани последици, како сите останати продукти со хемикалии, кои ја сушат кожата. Имајќи го ова на ум, погледнете го следното природно решение за борба против акните што може да ви биде од голема помош, без несакани последици.
Сè што ќе ви биде потребно е мед и зелен чај, и секако, малку трпение. Ве заинтересиравме?
Обидете се да стекнете навика секое утро да пиете зелен чај со лажичка мед. Оваа навика ќе ви помогне да го прочистите вашиот организам, да ги исфрлите маснотиите, да го зајакнете метаболизмот и да ја смирите кожата на вашето лице.
Кесичките со чај можете да ги користите и како маска за лице, така што ќе го исцедите остатокот вода од нив и ќе го промешате со мед – една од најздравите нешта што ги нуди природата. Оваа маска можете да ја користите секоја вечер, така што ќе ја оставите малку да отстои на вашето лице а потоа ќе ја исплакнете со млака вода.
Ефектите ќе ги забележите скоро инстантно – вашата коса ќе ви биде добро нахранета и препородена. Кесичката зелен чај можете да ја користите и како облога за намалување на подочниците.
Зелениот чај е богат со антиоксиданси што помагаат при разубавување на кожата и ја прочистуваат од слободните радикали. Медот, од друга страна пак, успешно го отстранува црвенилото, ја храни кожата и ги убива бактериите што создаваат акни.
После овој третман, хидрирајте ја кожата со крема и оставете ја да се одмори. Со оглед на тоа што користите природни препарати, мора да бидете трпеливи бидејќи процесот е долготраен.
Пробајте ги и овие 11 маски за лице за беспрекорна кожа со само 2 состојки.