Здравствените придобивки од редовниот секс
Многу луѓе уживаат да водат здрав сексуален живот, бидејќи сексот прави да се чувствуваме задоволни. Придржувањето до редовен сексуален режим, може во голем степен да ви го подобри физичкото и психичкото здравје. После овој текст, мажите ќе можат да им кажуваат на своите љубени, дека сексот не е само за забава, туку е исклучително важен за здравјето и дека нивните животи ќе зависат од неговото почесто практикување. 🙂
Редовен секс за појак имунолошки систем
Едно истражување спроведено на универзитетот Вилкес во Пенсилванија, покажало дека студентите кои водат љубов еднаш до два пати неделно, имаат значително поодбранбен имунолошки систем во однос на настинка и грип, за разлика од оние кои апстинираат од секс или го имаат повеќе од три пати неделно.
Ги намалува болките
Стимулација на г-точката за време на секс може да ја намали главоболката, менструалните болки, артритис, па дури и некои хронични болки, за временски период од неколку минути до 24 часа, најверојатно како резултат на ослободувањето на ендорфин во мозокот, кој делува како опојно средство. Дразнењето на г-точката може да ја намали болката до 80%, а ако жената доживее оргазам и до 100% – вели д-р Беверли Випл, професорка на државниот универзитетот Рутџерс, Њу Џерси.
Живејте долг и среќен живот
Редовниот секс ги одржува телесната фигура и бракот со години и го зголемува чувството на севкупна среќа, благосостојба и квалитетен живот кај двата пола. Во едно 10-годишно истражување на универзитетот Бристол во Англија, бил испитуван односот помеѓу зачестеноста на ејакулацијата и смртноста кај 918 мажи, на возраст од 45 до 59 години во Јужен Велс. Било заклучено дека кај мажите кои во текот на тие 10 години имале два или повеќе пати оргазам неделно, постоел 50% помал ризик од смртност, во однос на оние кои ејакулирале еднаш месечно.
Го намалува ризикот од рак на простата
Кај жените во периодот после менопаузата, редовниот секс (три или повеќе пати месечно) може да го спречи атрофирањето и сушењето на вагината. Причината за тоа е во следново: кај жените кои имаат редовна сексуална активност, поголем број природни естрогени циркулираат во телото, кои го заштитуваат вагиналното ткиво.
Кај повозрасните мажи, честите ејакулации не се поврзани со подобрување на функцијата на нивните органи, но затоа тие го намалуваат ризикот од рак на простата. Во едно истражување во националниот центар за рак во САД, било откриено дека кај мажите кои имаат 21 или повеќе ејакулации месечно, ризикот за рак на простата се намалува за 33%, во споредба со оние кои ејакулираат 4 до 7 пати месечно.
Ги регулира хормоните
Според истражувањето на биологот Винифред Катлер, жените кои се сексуално активни барем еднаш неделно (кога не се во циклус), стареат побавно, имаат многу поредовна менструација, се поплодни и имаат повисоко ниво на естроген, од оние кои се помалку сексуално активни. И после менопаузата, редовниот секс на жените им ја подобрува коскената густина, кардиоваскуларното здравје и го намалува ризикот од топлотни удари.
Заклучок: Редовниот секс со некој што го сакате, не е добар само за вашата љубовна врска, туку е добар и за вашиот физички изглед, здрав дух и заштита од сериозни болести.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
sex,sex sex SAMO TOVA yeee