Здравствените придобивки од етеричното масло од лаванда
Етеричното масло од лаванда е едно од најпопуларните масла во светот. Постојат неколку видови лаванда, но маслото најчесто се дестилира од растението Lavandula angustifolia, член на семејството нане. Ова масло со векови е столб на ароматерапијата и хербалната медицина благодарение на неговите антиинфламаторни, антифугални, антибактериски, антисептични и ублажувачки својства. Во продолжение прочитајте повеќе за здравствените придобивки од маслото од лаванда.
1. Ја намалува појавата на акни
Познато е дека акните се јавуваат кога лојните жлезди на кожата произведуваат вишок масен себум кој се комбинира со мртвите клетки и ги затнува фоликулите. Бактериите можат да ги инфицираат затнатите пори и да предизвикаат појава на акни. Акните најчесто се појавуваат за време на адолесценцијата, кога сте под стрес но и како резултат на хормоналната нерамнотежа. Маслото од лаванда може да помогне така што ќе го ублажи воспалението на кожата и ќе ѝ помогне на кожата побрзо да оздрави.
2. Исцелување апсцеси
Апсцесот е еден вид гноен оток предизвикан од инфекција. Гнојниот оток е одговор на имунолошкиот систем во борбата со бактеријата која го напаѓа, а тоа е најчесто Staphylococcus aureus. Неодамнешно истражување покажало дека маслото од лаванда се карактеризира со антибактериско дејство против оваа бактерија.
3. Справување со егзема
Егзема или атопичен дерматит е термин кој опфаќа повеќе воспалителни реакции на кожата што доведуваат до нејзино сушење како и крварење. Маслото од лаванда може да ви помогне да ги ублажите некои од симптомите на егзема токму поради неговите антиинфламаторни ефекти.
4. Измазнување на брчките
Слободните радикали кои претставуваат нестабилни молекули, ја оштетуваат кожата и се една од главните причини за нејзино предвремено стареење, вклучувајќи ја појавата на тенки линии и брчки. Антиоксидансите ги неутрализираат слободните радикали, а токму маслото од лаванда е богато со антиоксиданси кои можат да ве заштитат од штетното дејство на овие штетни молекули.
Покрај овие здравствени придобивки, маслото од лаванда може исто така да помогне при ублажување на болка, може да го намали стресот и да го подобри менталното расположение, но и да се користи како лек против инсомнија.
Откако прочитавте за здравствените придобивки од употребата на етерично масло од лаванда, можеби ќе сакате да прочитате и која е разликата меѓу маслиново и авокадово масло.
Извор: greatist.com