Здравствени проблеми кои влијаат на вашата телесна тежина
Сигурно не се чувствувате убаво кога ја зголемувате вашата тежина, иако напорно работите за да ја намалите. Понекогаш, тоа воопшто не е ваша вина. Зголемувањето на тежината може да биде несакан ефект од многу здравствени проблеми кои не ни знаете дека ги имате. Погледнете за кои станува збор.
1. Хипотироидизам
Вашата тироидна жлезда, и хормонот кој го произведува, го контролира метаболизмот. Но, кога имате намалено производство на тироиден хормон, вашиот метаболизам забавува. Ова нарушување, познато како хипотироидизам, често предизвикува замор и зголемување на телесната тежина. Овие симптоми се чести и кај нарушувања како депресија, па лекарите секогаш го проверуваат нивото на хормони. Иако нема лек за хипотироидизмот, вашиот лекар може да ви препише лекови кои ќе го одржуваат нивото на хормоните со цел вашиот метаболизам да се врати во нормална состојба.
2. Полицистични јајници
И ова нарушување е поради нерамнотежа на хормоните. Симптомите се нередовни менструални циклуси, зголемување на машките хормони и цисти во јајниците. Многу жени со ова нарушување ја зголемуваат својата тежина, а ова ги влошува нивните симптоми. Ако имате нередовен менструален циклус и необјасниво зголемување на тежината, посетете го вашиот лекар.
3. Гастроезофагеален рефлукс
Оваа болест ги опушта мускулите помеѓу желудникот и хранопроводот, така што содржината од желудникот може да се врати во хранопроводот. Иако самото нарушување не предизвикува покачување на тежината, некои од лековите кои ги ублажуваат симптомите може да се обвинат за тоа. Многу луѓе јадат повеќе за да ги намалат киселините кои се резултат од оваа болест, а ова сигурно ќе ја покачи вашата тежина.
4. Нервозни црева
Ако постојано се чувствувате подуено или имате болки во абдоменот, можеби имате нервозни црева. Ова нарушување не предизвикува физичка штета, но многу често е болно и непријатно. Симптомите не се секогаш присутни, а ова значи дека кога ги чувствувате симптомите јадете помалку, а кога ги нема јадете повеќе. Токму ова може да предизвика зголемување на тежината. Некои лекари препорачуваат да внесувате храна богата со хранливи влакна како и физичка активност. Исто така избегнувајте црвено месо и кофеин. Сепак, секој е различен и најдобро е да го посетите вашиот лекар.
5. Гестациски дијабетес
Повеќето од нас знаат за дијабетес тип 1 и тип 2. Но, има и трет тип – гестациски дијабетес. Жените кои го немаат ова нарушување, може да развијат гестациски дијабетес во 5-тиот или 6-тиот месец од бременоста. Во овој период вашето тело произведува доволно инсулин, но хормоните од плацентата ги блокираат неговите ефекти. Иако некои жени немаат никакви симптоми, други може да забележат значително зголемување на тежината, изразени глад и жед, и почесто уринирање. Добрите вести се што овој дијабетес обично исчезнува по раѓањето на детето.
Продолжува на следната страница…